Штенечакот е заразна болест претежно на младите кучиња. Најчесто заболуваат кучињата во старост од 3 до 12 месеци, а најосетливи се при старост помеѓу 5 и 7 месеци. Постарите кучиња зазболуваат поретко а кај нив болеста има обично поблага форма. Причинител на болеста е вирус кој во 1904год. го открил Каре а исто така може да причини зааболување кај лисица, волк, шакал, ласица...
Заболувањето е присутно во текот на целата година, но истото се јавува најчесто во пролет и есен, а кон ширењето придонесува прометот на кучињата, изложбите, натреварите и сл. Настинки, лоша исхрана, авитаминозни состојби и присуство на цревните паразити придонесуваат за содавање на болеста. Вирусот на штенечакот е специфичен и напаѓа на слузокожата и централниот нервен систем.
На температура од 54степени, вирусот е инактивен, а најефикасно сретство за дезинфекција е живата сода (NaOH) во 3% раствор. ДОбро делува и 0,5%-тен фенол. Штенечакот се шири од болните кучиња со кашлање, мокрење и други излачевини во кои се наоѓа вирусот. Значаен фактор во ширењето е човекот кој на разни начини(раце, одело, чевли итн.) придонесува за настанокот на болеста со што и се објаснуваат многубројни случаи на заболувања кај кучиња, кои според наводите на сопствениците, истите не се мешале со други кучиња а сепак се зазразиле од болеста. Единствен начин да се заштитат кучињата од оваа болест е вакцинацијата која мора секој сопственик благовремено да ја изврши.
Знаци на болеста : инкубацијата(времето од инфекцијата до појавата на првите симптоми) изнесува 3-7 дена. Општата состојба е промената со покачување на температурата, невеселост, а слузокожата на очите е зацрвенета.
По правило, многу брзо, односно за ден-два состојбата се влошува, температурата се зголемува, а доаѓа и до компликации на болеста. Вирусот напаѓа повеќе органи било поединечно или во различни комбинации. Кај очната форма слузокожите се црвени и се јавува типичен гноен излив (кремел) од очните агли.
Кај белодробниот облик се јавува воспаление на белиот дроб и дишните патишта а се јавува и кашлање и отжнато дишење. Карактеристичен знак е темно-чоколаден излив од носот. Сите овие знаци на заболување се јавуваат во фазата на виремија (вирус во крвта).
Во понатамошниот тек на заболувањето вирусот ги напаѓа и другите делови од слузокожата дури и слузокожата на цревата ипокрај губењето на апетитот се јавува повраќање и пролив. На кожата доаѓа до губење на елстичноста а сјајот на влакното се губи, а кожата добива карактеристичен непријатен мирис.
Најтежок е нервниот облик кај кого покрај промените во психата има и одземање парези – делумни или пак општи – парализи пренадразнетост- како последица на сето ова можат да се јават оштетувања на сетилата за миризба, вид и слушниот апарат. Промените се срешаваат и во вид на пукнатини на забите кои пожолтуваат и доживотно го следи кучето.
Промени во подвижноста настануваат кога болеста јго зафаша `рбетниот мозок и нервите кој излегуваат од него, за да на крај настане и парализа. Овој процес обично трае 10 дена. Парализата се манифестира различно. Обично ги зафаќа нозете и тоа само една или двете што е најчесто и тоа задните. Кај парализата на задните нозе е зафатен и карличниот дел зазради што доаѓа да кучњато не може да ја заздржи мочњата и изметот и животното дефицира и мокри без прекин.
Причина за смрт на заболените кучиња е задушувањето кое настанува поради парализазта на дишните мускули и дијафрагмата. смртноста може да изнесува и до 80% со тоа што кај преболените остануваат во најголем број доживотни последици и компликации а ја намалуваат употребната вредност нарочно на ловните и службените кучиња.
Болеста тешко се лекува, особено ако процесот е напреднат. Се користат витамини, антибиотици и други средства. Мошне ефикасниот серум тешко се обезбедува.
Затоа, најдобра заштита за спречување на болеста е вакцината. Денес постојат комбинирани вакцини а најдобро е да се дава поливалентна вакцина. Сите вакцини се користат според упатството на произведителот.
Во доста случаи се користат ревакцини. Најдобро е вакцината на малото кученце да се врши во период помеѓу 2-5 месечна старост. Најсигурно е вакцинациите да се вршат секоја година.