Воспалување на слузницата на носот –
RHINITISАнатомија. Носната печурка и носната шуплина го прават почетениот дел на респираторниот тракт. Носната шуплина е изградена од рскавично и коскено ткиво. Носната лигавица ја покрива внатрешноста на носната шуплина.Носната шуплина покрај тоа што спроведува воздух во почетниот дел на на респираторниот ланец, има и улога во влажнење и затоплување на вдишаниот воздух.. Носната слузокожа е покриена со тенок слој на слуз ( како и целиот респираторен тракт ), такада во тој почетен дел носната слузокожа има одбрамбен механизам односно учествува во прочистување на воздухот.
Етиологија. Кај кучињата ретко се јавува како самостално заболување, почесто е поврзано со некое системско инфективно заболување.
Примарното заболување на слузокожата на носната шуплина најчесто настанува како последица на вирусни и бактериски инфекции. Најчесто се работи за следниве бактерии : Pseudomonas, Streptococcus, Bordetella, Pasteurella…
Ринитисот може да се јави и како секундарно заболување поради болести како што се воспалување на грлото, душникот, синусите и друго.
Стафилококите се најчесто присутни бактерии во флората при настанување на ринитисот.
Како фактори на ризик за натанување на ринитисот важно е да се набројат висока собна температура, страни тела ( житарици, прачиња на кора од дрво, трева...), ладен воздух...
Симптоматологија. При оваа болест најчесто општата состојба на животното не е загрозена и е во нормала. Доаѓа да течен исцедок од носот кој прво е бистар, а потоа станува гноен. Дишењето може да е отежнато и животното може дури и да дише со устата. Исто карактеристични симптоми се кијање, чешање на носот и слично.
Терапија. Кучето треба да се одмара. Средбата со други кучиња треба да е минимална и по можност да ја нема. За давање на терапијата треба да се има во предвид дали се работи за примарен или секундарен тип на ринитис. Најчесто зе даваат капки или маст за нос, антибиотици, инхалации на водена пареа во која има ароматична течност. Лекарствата како што е Benadryl (антихистамин) помагаат при сушење и отворање на дишните патишта. Антибиотици како што се amoxicillin, кeflex помагаат против бактериски инфекции.
Заболување на ларинксот (гркланот) –
LARYNGITISЕтиологија. Ларингитисот е воспаление на гркланот. Ларингитисо често претставува сезонско заболување кога температурните разлики се доста чести. Може да настане како резултат на топлотен удар, бактериски или вирусни инфекции. Долгото лаење и возбудата се најчестите фактори поради кои настанува ларингитисот. Процентуално од заболените кучиња со ларингитис најчесто се јавува кај ловечките кучиња и кај кучињата со понежна конструкција. Може да се сретне при други заболувања (штенечак, ангина, инфекции на грлото,тумори, инфламаторен ларингитис) и при заболувања на соседните органи (тонзилит, трахеобрахит, фарингит).
Симптоматологија. Кај ларингитисот општата состојба на кучето не е пореметена. Грлото повеќе или помалку е зацрвенето. При допир на грлото кучето дава отпор. Клиничките знаци вклучуваат промена на гласот кај кучето ( рапав глас), кашлање, болки во грлото, болки и проблеми при голтање, проблеми со дишењето и бучно дишење. Напшадите на кашлање се провоцираат при пиење на ладна вода и вдишување на ладен воздух. При напади на кашлица може да дојде до дразба на желудникот и повраќање. Кај акутниот стадиум на оваа болест се очекува заздравување од 8 до 14 дена. Кај хроничниот стадиум поради хипертрофијата на слузницата оздравувањето е тешко.
Терапија. Ларингитисот бидејќи често настанува поради прекумерното лаење, добро е да се отстрани стимулацијата за неговото дразнење. Доколку кучето е врзано на ланец, одврзете го и го сместете во добро проветрена просторија на собна температура од 22 степени и настојувајте да работите на тоа, вашето куче што помалку да лае. Индицирано е давање на супа, ставање на топли облоги, инхалација, а и ц витамини.
Заразен ларингитисЗаразниот ларингитис е заболување кое настанува како резултат на заразна болест предизвикана од бактеријата Bordetella bronchiseptica (која ја смалува отпорноста на горните дишни патишта) во комбинација со голема група на вируси : parainflurence, adenovoirusa, herpes virusa и микроплазми. Болеста се јавува главно кај млади кучиња, но може да се сретне и кај стари. Болеста најчесто се пренесува преку искашланата содржина, особено кај голема група на кучиња.
Инкубацијата кај болеста трае 4-7 дена. Започнува со кашлање, кое е силно, болно, суво во почетокот, а покасно влажно со повраќање.Болеста може да се комплицира со преминување во воспаление на белите дробови. Доколку не дојде до компликација, најдоцна за една до две недели болеста престанува. Заштитата на кучето се содржи во тоа да се одржува нега и хигиена во одгледувачницата. Болеста е со поволна прогноза . Доколку се посомневате на оваа болест обавезно се обратете кај ветеринар.
Превземено oд :http://upoznajtepse.forumotion.net/forum.htm
Заразно кашлање ( болест на душникот и бронхиите) –
TRACHEOBRONCHITISОд заразното кашлање првенствено заболуваат кучиња кои интензивно се движат во групи или се дружат по парковите, но можат да заболат и кучиња при индивидуална прошетка. Се работи за заразно кашлање кое брзо и лесно се пренесува од куче на куче. Заразното кашлање може да биде фатална болест доколку оболи многу млад, многу стар или пес кој веќе е болен.
Етиологија. Заразното кашлање е прилично незгодна, односно долготрајна заразна болест која се среќава често, особено наесен кога доаѓа ладното време. Заразното кашлање не е индивидуална болест, туку цел клинички синдром кој е предизвикан од повеќе надразнители. Провокатор за кашлањето може да биде вирус, бактерија. Микроплазма или габа. Најчести причини се разни вируси ( кучешки параинфлуенца вирус, кучешки аденовирус тип2, вирусот на штенечак...), бактеријата Bordetella bronchiseptica. Во правило примарен причинител на воспаление на душникот е вирус, а потоа може да дојде до секундарна бактериска инфекција.
Симптоматологија. Општата состојба не е во голема мера пореметена. Забележана е кашлица која на почетокот е сува, болна, честа, а после неколку дена станува влажна, помалку болна и длабока. Кучето е апатично, апетитот е ослабнат, а може да се појави и рефлексно повраќање, забрзано и отежнато дишење. Од компликации најчест е хроничниот бронхитис. Во неискомплицираниот облик патолошкиот процес е лоциран само во душникот. Во неискомлицираните случаеви апетитот е зачуван, а заболениот пес нема покачене телесна температура. Симптомите се јавуваат 3-5 дена после контактот со вирусот. Заразното кашлање најчесто поминува без компликација доколку лечењето е започнато на време.
Терапија. Подобрување на зоохигиенските услови, топло- влажни облоги, масажа со камфорен шпирт еднаш до двапати дневно.Терапијата се состои во давање лекови кои ја супримираат кашлицата, односно по потреба антибиотици доколку има закана од секундарна инфекција. Многу важно е да се напомене дека е потребно строго мирување кое мора да трае 3 недели. Во тој период кучето не треба да го излагаме на физички напори, потешки од лесна прошетка. Најдобро е да во тој период вашиот љубимец да го изведувате на минимална прошетка само да изврши физиолошки потреби. Во време на болеста треба да се избегават околувратници- давелици, односно било каква манипулација која може да го надразни душникот. Секој заболен пес мора да се однесе кај ветеринар бидејќи болеста може да има различен тек, што зависи од повеќе фактори. Посебно е важно доколку се работи за стар пес каде се можни проблеми кои се манифестираат со кашлање, а причинител им е болест на срцето, а не инфекција.
Спречување. Вакцинирање на кучето секоја госина со поливалентна вакцина, затоа што вакцина против заразното кашлање е вградено во неа.
**Превземено од :
http://vetosan.hr/zarazni_ka%C5%A1alj_tracheobronchitis_psa.html