Воспалување на eндокардот-ENDOCARDITIS
Етиологија.Во настанување на еднокардитисот важна улога имаат предиспонирачките фактори: напорна работа (особено кај постарите песови), различни интоксикации и друго. Бактерискиот ендокардитис кај кучињата се јавува доста често.Бактерискиот ендокардит се јавува како секундарна болест (stomatitis, tonzilitis, воспаление на аналните жлезди и слично) или во текот на некои септични состојби (пневмонија, декубитус,артритис и слично). Како причина за настанокот можат да бидат микроорганизми како што се : хемолитички и нехемолитички стрептококи и стафилококи, pseudomonas aeruginoza, esherihia koli, eziripelotriks rusiopatia и слично).
Ендокардисот се јавува во текот на некои вирусни и бактериски заболувања (штенечак, лептоспироза, мачја зараза), како резултат на стресови, некомпетентна храна.
Патолошките промени кај кучињата најчесто се наоѓаат на валвулите на митралниот отвор, но и на залистоците на отворот на аортата. Емболијата се јавува најчесто на бубрезите, поретко во мозокот, на срцето. Заболуваат претежно кучиња постари од 5 години. Од двата пола забележано е дека се појавува почесто кај мажјаците отколку кај женките.
Патологија. Птолошките промени се наоѓаат најчесто на левата преткомора и комора, повеќе го зафаќаат валвуларниот дел отколку париеталниот. На местото на продирање во залистокот настанува дегенерација и оштетување на ендотелните ќелии и на тие места се таложат крвни зрнца (бели и црвени), фибрин, а исто така се ствара и тромбус. Овие промени личат на брадавици.Доколку имунитетот на организамот е слаб , на тие места настанува некроза, односно одумирање на клетките, а со тоа и некрозниот дел се откинува. Брадавиците ја деформираат површината на залистоците, како и нивните ивици па затоа залистоците неможат во потполност да го затвараат отворот.
Симптоматологија. Во фазата на акутниот ендокардитис општата состојба на заболеното животно драстично се променува на полошо. Се забележува малаксаност, неволност за игра, тромост, немање на желба за храна, polidispija I febra, кои го сочинуваат комплексот на септични инекции. Пулсот е забрзан, слаб и аритмичен. Венскиот застој, тешко дишење и цијанозата укажуваат на срцева слабост. Акутниот ендокардитис може да се јави и во текот на некои тешки инфективни заболувања, каде покрај знаковите на воспаление на миокардот доминира и клинички синдром на примарно заболување.
Во фазата на хроничниот ендокардитис се случуваат дегенеративни промени на валвулите кои можат да бидат следниве: задебелување, задебелување и кинење на тетивните врвци (chordae tendineae). Најчесто се зафатени митралните валвули, а ретко валвулите на остиумот на аортата. Кај митралната инсфициенција се забележува кашлање, диспнеа (отежнато дишење), застоен едем во белите дробови.Рендгенски може да се забележи зголемување на левото срце кај митралната инсфициенција.
Во текот на бактерискиот ендокардитис, претежно кај кучињата од поголемите раси се јавува, истовремено со промените на митралните валвули и инсуфициенција на аорталните залистоци, иако многу поретко.Покрај општата слабост се јавува отежнато дишење со јасно изразен дијастоличен шум на отворот на аортата.
Терапија. Во сите случаеви кога е забележана срцева слабост индицирано е мирување во добра проветрена просторија, често со поштедување од работа и до пола година. Што се однесува до исхраната , треба да се обрне огромно внимание. Потребно е хранење во мали и чести порции со високо калорична храна и NaCL. Кај срцеви болести во напреден стадиум и отежнато дишење кај кучињата се забележува огромна вознемиреност. Кучињата не лежат, туку стојат или трчаат наоколу. Во такви случаеви потребно е да им се дадат седативи , посебно фенобарбитурати (luminal таблети). Кај кардиопатии каде поради заостанување на крв доаѓа до натрупување на течности во шуплините индицирани се диуретици.
Бактерискиот ендокардитис треба да се третира со антибиотици.
За подобрување на срцевата работа служат digitalis glikoziti, бидејќи ја потпомагаат смалената сила на срцевата контракција, ја појачуваат дијастолата и друго. На здраво срце гликозитите немаат никаков ефект.
Кај прекумерното дозирање можат да се јават пореметувања во ритамот, како и повраќање, пролив, немир, апатија.
**Користена литература: ,, Bolesti psa i macaka '' - doktor. Emanuel lapsevich
Заболување на срцевиот мускул – CARDIOMYOPATHIA
Називот на ова заболување доаѓа од латинскиот збор ,,cor’’ што значи срце и ,,myopathia’’ што го означува секое заболување на мускул. Според насловот можеме да заклучиме дека се работи за заболување на срцевиот мускул.
Етиологија.Во срцевиот мускул можат да надојдат бактерии преку крвта и да предизвикаат низа промени како што се : дегенеративни промени на миокардот (miokard- срцев мускул), некроза (смрт на ќелиите или ткивата во жив организам), хијално издувување на интрамуларните крвни садови, напорна работа ( кај веќе постоечки срцеви грешки) , хронични воспалителни процеси, интоксикации, перфорации и друго. Бактериските инфекции кои предизвикуваат миокардитис кај кучињата се следниве :
Miobakterium tuberkulozis, aktinomikoza, nokardioza, blastomikoza, toksikoplazmoza.
Симптоматологија. Симптоматолигијата кај заболувањето на срцевиот мускул се карактеризира со: различни врсти на аритмија, лупање на срцето, забрзана или забавена срцева работа (takihardija I bradikardija), отежнато дишење, општа слабост, знаци на застој на крвта во големите и малите крвни садови, забрзана седиментација, зголемен број на леукоцити (што не упатува кон некаква инфекција) .
Терапија. Терапијата, доколку се работи за хроничен стадиум на оваа болест може да се индицира доживотно. Кај акутната фаза на оваа болест индицирано е внесување на гликозити, кај забрзаната срцева работа седативи, антибиотици и кортикостероиди.
**Користена литература: ,, Bolesti psa i macaka '' - doktor. Emanuel lapsevich
Воспаление на перикардот – PERICARDITIS
Анатомија. Анатомски перикардната кеса го обвиткува срцето и е составена од два листа: висцерален-епикард, директно припиен за срцевиот мускул и париетален-перикард, кој е од надворешната страна и е прекриен со плеврата. Двата листа на перикардот се обложени со епител што во нормални услови лачи околу 20-50 мл серозна течност. Благодарение на оваа течност, овозможено е непречено движење на срцето во текот на неговата функција. При воспаление, малите и речиси невидливи крвни садови на перикардот стануваат хиепермични и се инфилтрираат со клетки, при што се создава поголемо количество на излив - ексудат. Перикардот има и способност за постепено растегнување, така што при етапно настанување на излив и до 2 литра течност во срцевата кеса може да бидат без значајни нарушувања во срцевата функција. Наспроти тоа, нагло полнење мали количества течност и до 300 мл може да предизвика тешки клинички нарушувања. Со анатомската положба перикардот механички го штити срцето од можни повреди, а наедно го спречува и ширењето на инфекцијата од белите дробови на срцето.
Етиологија.Терминот перикардитис означува болести на перикардната кеса, односно обвивката на срцето. Етиологијата на перикардитисот е различна.
Перикардитисот може да се развие и во текот на многу инфективни заболувања како што се : штенечак, туберколоза, разни септични заболувања, кај компликации при пневмонија и плеуритис.
Најчесто се јавува сув и ексудативен перикардитис. Ексудативниот е почест кај патологијата кај месојадите.
Хидроперикардиумот, како еден од видовите на перикардитис се манифестира поради општта слабост на организамот. Хемоперикардитисот е најчесто како резултат на траума на голем крвен сад или на коронарните артерии. Поради вирус, како главна причина се јавува и идиопатски ескудативен перикардитис при што сликата на останатите органи и системи е негативна.
Симптоматологија. Во клиничката слика на сувиот перикардитис доминираат знаци на општа инфекција како што се слабост, леукоцитоза, забрзана работа на срцето. За подетална етиолошка дијагноза потребно е да се направи пункција и да се испита како по состав, така и бактериолошки. Пункцијата се врши во 4 интеркостален простор лево, веднаш над градната коска.
Терапија. На животното треба да му се обезбеди апсолутен мир , да се води сметка за исхраната, односно во мали порции и многу калорична храна. Што се однесува до лекарствата се даваат кортикостероиди, а ако има јасни знаци на срцева слабост се даваат гликозиди. Кај ескудативниот процес треба да се врши пункција на срцевата ќеса и да се земаат диуретици.
**Користена литература: ,, Bolesti psa i macaka '' - doktor. Emanuel lapsevich