III.1.1. ГЕРМАНСКИ ЛОВЕН ТЕРИЕР
Стандард бр.103 – Германија
Глава и череп : Черепот му е рамен. Меѓу ушите е поширок. Се стеснува во пределот на очите и без остар стоп преоѓа кон муцката.Предниот дел на главата е пократок од черепниот меѓу потилната коска и стопот. Муцката е снажна со изразени образи. Долната вилица има силно изразена брада. Забите се многу снажни, со добро затворено ножичесто забало. Носот е црн. Очите имаат темна боја, мали , јајчести и длабоко поставени. Вратот е снажен, не е долг но малку е висок.
Преден дел : Предните нозе се рамни, добро мусколозни.Коските се снажни. Дошепјето е благо аглесто. Градите се длабоко заоблени
.
Задни нозе : Има долги бутини, добро аглести и мусколозни.Скочниот зглоб е ниско поставен.Опашката е добро всадена, на долги сапи. Скратена е за една третина.
Боја : Основна боја е црно пепелава или темнокафеава, со светлокафена црвено-жолти ознаки околу очите, на муцката, на градите, на нозете. Дозволени се сосем мали белини градите и прстите. Височината на гребенот не смее да надминува над 40 цм и да не е под 33 цм. Оптималната тежина на работните кај женките е 7,5 – 8,5 кг, а кај мажјаците 9-10 кг.
Недостатоци : тесен череп, шилеста муцка, слаба долна вилица, недостаток од заби, тесни вилици, светол и дамчест нос, големи или искокорени очи, стоечки, прениско всадени, тешки уши, стрмни предни нозе, налегнат грб како и предгриз, подгриз, нестандардна боја, поголема или помала височина на гребенот.
Н.Б : Мажјаците треба да имаат два нормално развиени тестиси наполно спуштени во скротумот.