Добредојдовте на Кинологија Форумот..место каде што се дружиме и разменуваме искуства...Пријатен престој Ви посакува Кинологија Форум Тимот.
Oчигледно тој што го правел видеово нема поима од дресирање кучиња. На крај на видеото пишува: "Your dog is not trying to dominate you... Walking ahead of you, or taking your spot on the couch is not a move for power" што е потполно неточно. Поради споственици како него, постојат луѓе како Цезар Милан. Сите сопственици кои имале проблем со кучињата и го викнале Цезар Милан се исти, не го разбираат начинот на кои кучињата размислуваат и ги третираат како луѓе и нормално кучињата прават што сакаат. Цезар Милан троши повеќе време во дресирање на луѓето одколку на кучињата.Не постои дресура без казна. Тоа не значи дека треба да го утепаш кучето од ќотек без причина, туку значи дека од кога кучето ќе научи што бараш од него и кога ќе ја дадеш командата кучето не ја обавува, треба да следи казна за да вметнеш "морам да го направам тоа на таа команда" (без разлика дали тоа ќе биде остро "не" или трзај со давилица, или некој друг метод на казна). Ова е особено важно ако сакаш да смениш некое однесување кое кучето го имало долго време или кое му е инстинктивно. Тие што виделе како се дресираат ловечки кучиња, особено оние кои се ретривери, кои одат да го земат пленот и да го вратат без да го џвакаат, гризат, растргнуваат, или играат со него, знаат колку е брутална дресурата да го научиш кучето да прави нешто што оди спротивно од неговиот инстинкт. Кога сме кај ударот со нога. Цезар Милан го применува ударот со нога како казна. Креира ситуација во кое кучето би направило грешка и би го прикажало несаканото однесување и во истиот момент кога кучето ќе го започне однесувањето ја добива казната (во овој случај удар во слабината и болка). На тој начин следниот пат во истата ситуација, кучето, за да ја избегне болката ќе го избегне однесувањето кое му нанесло болка предходниот пат.
Значи ова се извадоци од емисиите кои ти ги гледаш, значи не веруваш ни во неговата успешност?