Стандард бр.95- Франција
Општ изглед : во целина, тој е збиен и мускулозен, мал, племенит пес, но многу снажен, со енергични движења и со интелигентен изглед. Полн е со снага, но без маса. Има доста жив и бистар поглед.
Глава : идеалниот однос на черепот и на муцката е 3:2, односно околу 12:8см. Гледано однапред и од профил, черепот е заоблен. Одозгора гледано, страните на муцката се исто заоблени. Граничните линии на черепот и на муцката се паралелни или многу благо дивергентни. Широчината на черепот во однос на височината на коските на јаготките изнесува11:12см. Стопот има благ нагиб и јасно е видлив. Носната печурка има темна боја во однос на бојата на телото, без оглед дали кучето е бело-портокалово, бело-светлокафеаво или бело-црно. Носниците се добро отворени. Муцката е рамна, пократка од черепот. Усните се тенки, доста напнати, прилегнати. Горната усна сосема малку ја прикрива долната. Забалото е потполно ножичасто. Очите се приближно тркалести, хоризонтално поставени. Нивната боја е во согласност со бојата на носната печурка и со бојата на влакната. Ушите се високо всаде, триаголни, со благо заоблени врвови. Покриени се со брановидни влакна и се носени рамно кон образите.
Врат : средно долг, добро ограничен од плешките. Има тенка кожа, мека и лабава, без набори.
Тело : горната линија е рамна и цврста. Слабините се кратки, широки и цврсти, долги околу 8-10см. Сапите се многу благо наклонети. Колковите се пониски од гребенот, благо истурени. Градите се широки, со добро зааоблени ребра, наза се добро развиени и допираат до лактите. Стомакот и долната линија се добро и непретерано собрани. Стомакот не е `ртест ниту паѓа стрмно.
Предни нозе : плешките се кратки и мускулозни. Надлактицата е мускулозна, добро градена. Лактите се прилегнати, ниту увртени ниту извртени. Предните нозе се вертираклни и рамни, паралелни во однос на телесната оска. Подлактиците се јаки, суви, добро мускулозни, рамни и вертикални. Дошепјето е благо, косо. Шепите се суви, со тесно меѓусебно прилегнати прсти. Има влакна меѓу прстите.
Задни нозе : гледани одзади, тие стојат вертикално, а од страна гледани, седниот јазол и врвот на скочниот зглоб паѓаат речиси на иста вертикала. Скочниот зглоб не е премногу аглест. Бутините се широки, добро се пружаат надолу. Дошепјето е вертикално и рамно. Шепите се тесно меѓусебно прилегнати.
Опашка : таа е рамна или опуштена, со максимална должина 10 см, благо извиткана, завршува со “кичанка”. Многу кучиња се раѓаат без опашка.
Движење : течно, со доста шив чекор кој е нагласен. Првенствено движењето во лов му е галопот. Има брзи чекори и со релативно освојување на мал простор.
Влакна : тенки, рамни или сосем малку брановидни. Предните нозе се помалку богати со брановидни бајрачиња. Задните нозе се многу блакнести до половината на бутините.
Боја : бела и портокалова, бела и светлокафеава, црна и бела, трибојна: бела портокалова и црна, бела портокалова и светлокафеава или прскана со една или друга од наведените бои.
Височина : мажјак: 48-50см
женка: 47-49см отстапување од 1см
Н.Б. : Мажјаците мора да имаат два нормално развиени тестиса, потполно спуштени во скротумот.
**Преземано одРазвојот на кинологијата во Република Македонија со посевен осврт на најзастапените раси- Мр. Илија Дроздовски