Потекло: Јапонија
Намена: пес за придружба
Класификација по FCI: 5 група, 5 секција (Азијатски шпицеви и и сродни раси)
Краток ист.преглед: Јапонските кучиња во минатото биле со мала или средна големина и не постоеле големи раси на кучиња. Акита потекнува од покраината Tohoku и се вбројува под името(пес за лов на мечки) меѓу ловечки кучиња од средна големина. Во времето на Sataka измеѓу 1630 и 1870 година во покраината Акита овој пес бил систематски одгледуван за борби, кои по сочуваните писмени записи биле негувани како би го засилиле моралот на племството од тој крај. Кучињата биле вкрстувани со пес кој бил сличен на мастивот, а припаѓал на некој германски инженер вработен во рудникот за бакар Kasaka. Исто така биле вкрстувани и со борбениот пес Tosa кој потекнува од вкрстуванје на мастиф Shikokua, средно големо јапонско куче, со германски гонич, St.Bernard и германска дога. Со ова мешање Акита го губи својот првобитен карактеристичен изглед, што го краселе исправени триаголнести уши и завиен опаш.
После забраната против борбите со кучиња 1908 година,образовани луѓе и професори одлучиле да ја сочуваат оваа раса. Во 1919 е издаден закон за заштита на природата. Благодарение на напорите на љубителите да и понатаму ја подобрат расата Акита во 1931 се избрани врвни девет кучиња и прогласени за споменик на природата, со што оваа раса станала многу популарна.
После втората светска војна 1945, се превземени напори да се сочува Акита во нејзиниот изворен облик, па од малкубројните останати кучиња од оваа раса се настојувало да се извади крвта од маствот и другите вкрстени кучиња. Тие напори донеле денес да се стабилизира денес познатата голема раса Акита во нејзиниот изворен облик.
Општ изглед: голем, складен пес, со силна телесна градба, изразени секундарни сексуални ознаки.
Карактеристики: cмирен и сталожен карактер, силен и храбар, лојален, послушен, горд, агилен, остри сетила.
Глава: черепот е во склад со телото.Челото е широко со изразен стоп (со јасна бразда, но без набор). Умерено развиени образи, гледани фронтално како да формираат круг, за кој придонесува крзното на образите и вратот.
Муцка и нос: гледано од горе таа се стеснува до тап триаголнест но не шпицаст нос.Тој е црн, или посветол кај бел пес. Вилицата содржи комплетно забало со добар и маказест загриз. Забите се моќни и силни. Усните се затегнати (не висат).
Очи: релативно малечки, со триаголнеста форма и со малку поткренати надворешни агли. Поставени се длабоко, со темно кафена боја (што потемна- тоа подобро).
Уши: една од физичките карактеристики која најмногу се истакнува се уникатно поставените уши нежно исправени и свртени на напред, во линија со вратот. Тие се релативно малечки, дебели, триаголнести со заоблен врв.
Врат: краток, малку набиен и мускулест, со затегната кожа.
Труп: силен и рамен грб, слабината е широка и мускулеста. Градниот кош длабок, градите добро развиени. Стомакот е доста вовлечен.
Предни нозе: рамената умерено закосени и развиени, нозете се рамни со тешки коски. Лактите се допрени до телото.
Задни нозе: добро развиени, силни, под благ агол. Шепите се дебели, округли, добро затворени.
Опаш: карактеристичен е и нивниот голем, полн опаш, високо насаден и носен извиен преку грбот. Ако се исправи достигнува скоро до скочниот зглоб.
Влакно: горните влакна се тврди и прави, додека другиот слој влакна е мек и густ, близу до кожата,сличен на волна. На гребенот и на шепите влакната се нешто подолги, а на опашот најдолги.
Боја: црвена, бела и тигреста. Сите бои освен белата мораат да имаат (најубаво преведено- се' што гледа кон небото е жолто, а сешто гледа кон земјата е бело- односно она на муцката, образите, на вратот под муцката, на градите и стомакот, на долната страна на опашот и внатрешната страна на нозете).
Висина до гребенот: мажјаци 67цм
женки 61цм (+/-3цм отстапување е дозволено)
Било какви отстапувања од стандардот се неприфатливи и таквите кучиња треба да бидат дисквалификувани.
За мажјаците е важно да имаат два нормални тестиси кои се суштени до скротумот.