/Themes/kupimilenik/images/theme/baner.png

Автор Тема: Белгиски овчар- Belgian shepherd dog (FCI-Standard No 15/ 19.04.2002 /GB)  (Прочитано 662 пати)

Отсутен Hanibal

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Пораки: 1304
    • Погледај го Профилот
Потекло: Белгија.

Дата на издавањето на оригиналниот валиден стандард: 22.06.2001

Намена: Првенствено е овчар, а денес се користи како работно куче (чувар, одбрана...)  и како фамилијарно куче.

Општ изглед: Со складни пропорции, со комбинација од елеганција и сила, средна големина, со суви, јаки мускули, отпорен на временските непогоди. Преку хармонијата на неговата форма и високото носење на главата, Белгискиот овчар треба да даде впечаток на елегантна цврстина која настанала од селективно одгледување на работна раса. Белгискиот овчар треба да се процени во својата природна позиција, без физички контакт со ракувачот.

Важни пропорции: Квадратичен. Градите се спуштаат до нивото на лактите. Должината на муцката е еднаква или нешто поголема од половина на должината на главата.

Однесување: Белгискиот овчар е внимателно и активно куче, полно енергија, секогаш подготвен да се фрли во акција. Покрај неговата вродена вештина, вештина чувар на стадата, тој исто така поседува високо ценети квалитети на чувар на имотот. Без никакво двоумење,тој е тврдоглав и силен заштитник на својот сопственик. Ги има оние квалитети потребни за овчар, стража, одбрана.

Глава: Носена високо, но не претерано долга, праволиниска, сува. Муцката и черепот се речиси еднакви по должина.

Врат: Малку издолжен, доста исправен, мускулест, постепено се шири кон рамењата, без подбрадок.

Тело: Моќно и без да биде тешко. Должината од точка на почетокот на рамо до крајна точка на задникот е приближно еднаква на висината на гребенот.

Горна (грбна) линија: Горната линија на грбот и појасот е права.

Гребен: Изразен.

Грб: Краток, мускулест и цврст.

Појас: Краток, доволно широк и добро мускулест.

Шепи: Мускулести, благо наведнати, доволно широки, но не и премногу.

Гради: Малку широки, но добро спуштени надолу. Горниот дел на ребрата е заоблен. Гледано со предното дошапје малку широки.

Долна линија: Почнува под градите и се крева нежно во хармоничен крива кон стомакот, кој не е ниту повиснал ниту подвит нагоре, но малку се подигнуваат и умерено развиени.

Опашка: Допро поставена, силна во коренот, средна должина, со врв кој достига до скочен зглоб, но по можност и понатаму.

Екстремитети:

Предни:

Општо: Коските се тврди, но не и тешки. Мускулот е сув и силен. Предните Нозе се исправени од сите страни и совршено паралелни кога се гледа од предната страна.

Рамења: Лопатките се долги и коси, прават доволен агол со хумерусот, идеално за мерење 110-115 степени.

Надлактици: Долги и доволно коси.

Лакт:  Цврст, ниту свртен нанадвор, ниту навнатре.

Подлактица: Долга и рамна.

Шепи: Тркалезни, прсти заоблени и добро затворени, перничиња дебели и еластични, ноктите се црни и силни.

Задни: Моќни но не и тешки. Мускулот е сув и силен. Задните нозе се исправени од сите страни и совршено паралелни кога се гледа од задната страна.

Бедро: Средна должина, широко, силно и мускулесто.

Потколеница: Средна должина, широка и мускулеста.

Скочен зглоб: Широк и мускулест, умерено аглуван.

Шепи: Тркалезни, прсти заоблени и добро затворени, перничиња дебели и еластични, ноктите се црни и силни.

Кожа: Еластична, но оптегната на телото.Рабовите на усни и клепки силно пигментирани.

Крзно и вариетети: Крзното варира во должина, правец, изглед и боја меѓу белгиските овчари, усвоено е како критериум за разликување меѓу четирите вариетети. Вариетети се : Groenendael, Tervueren, Malinois i Laekenois .

Должина, тежина и мерки:

Висина до гребенот:
Идеална висина до гребенот е 62cm за мажјак и 58cm за женка. Лимит 2cm помалку, 4cm повеќе.

Тежина:
Мажјак: 25-30 kg.
Женка: 20-25 kg.

Мерки: Идеални мерки за Белгиски овчар, возрасен, со 62cm до гребенот:

Должина на телото: Од почетокот на рамењата до почетокот на задникот е 62cm.

Должина на главата: 25 cm.

Должина на муцка: 12,5 – 13 cm.

Грешки: Секое отстапување од горенаведеното се смета за грешка и се зема во обзир во зависност од интензитетот на отстапувањето.

Секое вкрстување меѓу вариететите е забрането, освен во исклучителни околности кога оваа забрана може да биде укината.

Секое куче што јасно покажува физички или абнормалности во однесувањето ќе биде дисквалификувано.

**Мажјаците мора да имаат два очигледно развиени тестиси спуштени во скротумот...

Превземено од: http://users.skynet.be/bs138047/belgium_shepherd_dog_fci_standar.htm
Спие !!!

Отсутен FROJD

  • Sr. Member
  • ****
  • Пораки: 365
    • Погледај го Профилот
eve ja ANA zenka na 2 god
       
         
       
       
          pozz ;) ;)
EDUCATE DON'T DISCRIMINATE  !!!

Отсутен Nade

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Пораки: 3216
    • Погледај го Профилот
Убава женка
Labs are kids covered in fur

Отсутен FROJD

  • Sr. Member
  • ****
  • Пораки: 365
    • Погледај го Профилот
EDUCATE DON'T DISCRIMINATE  !!!

Отсутен Mama Rina

  • Global Moderator
  • Full Member
  • *****
  • Пораки: 143
    • Погледај го Профилот
Хм, ајде и јас да направам сефте на форумов и да ги надополнам сликиве со нешто од мојата скромна колекција на малинои кај нас  :)



Зина



Ања



Дора



Лара

Отсутен Stekso

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Пораки: 972
    • Погледај го Профилот
ДобреДојдовте !!!! Ви благодариме за довербата и за дружбата на нашиот форум,се надеваме на прекрасна дружба....пријатен престој и секако прекрасни сте !!! Чекаме многу повеќе фотки од вас ! ;D
WwW.KuPiMiLeNiK.Mk   - Sajt i Forum Za Domasni Milenicinja

Отсутен Nade

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Пораки: 3216
    • Погледај го Профилот
Mare, te molam nemoj tolku da bides skromna,dajvaj uste sliki. Pozdav
Labs are kids covered in fur

Отсутен Mama Rina

  • Global Moderator
  • Full Member
  • *****
  • Пораки: 143
    • Погледај го Профилот
Од овие четири госпоѓици  ;) што ги поставив, само Лара е моја, а за слики Наде не се грижи, јас штом уловам уште некоја фотка од наши малинои, ќе биде поставена тука. Мило ми е што оваа прекрасна раса почна да се појавува почесто кај нас.

Отсутен Eli-Nani-Tea

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Пораки: 1114
    • Погледај го Профилот

Отсутен FROJD

  • Sr. Member
  • ****
  • Пораки: 365
    • Погледај го Профилот
ana
     
     
       
          ;)
EDUCATE DON'T DISCRIMINATE  !!!

Отсутен Nade

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Пораки: 3216
    • Погледај го Профилот
Темата е средена, поточно има нова тема во која се префрлени сите постови од овде
http://forum.kupimilenik.mk/index.php?topic=766.0

Наде,КМ Форум
Labs are kids covered in fur

 

Photobucket