III.3.1. БУЛТЕРИЕР
Стандард бр.11 - Велика Британија
Оваа раса е застапена кај нас.
Општ изглед : снажно граден, мусколозен, добро избалансиран и активен пес, со одлучен и интелигентен израз.
Глава : долга, снажна и длабока, права до врвот на муцката, но не груба. Гледана однапред, главата има облик на јајце. Горниот дел на черепот е рамен меѓу ушите. Носниците му се развиени. Очите изгледаат дека се тесни, скриено поставени, триаголни, добро сместени во черепот, црни или темнокафеави со помодрен сјај. Ушите се мали, тенки и близу поставени. Забите се здрави, чисти, јаки, со добра големина. Вратот е многу мусколозен, долг, напнат, се стеснува од рамењата кон главата, без слободна кожа.
Преден дел: Рамењата се јаки и мусколозни, без оптоварувања. Лопатките се рамни, се држат близу до ѕидот на градите. Лактите се прави и јаки. Подлактицата е вертикална. Предните нозе се јаки, тркалезни, со квалитетни коски, а потребно е песот цврсто да стои на нив. Кај возрасните кучиња е пожелно должината на предните нозе да е иста со длабочината на градите. Телото е добро заоблено, со видлива заобленост на ребрата и со добра длабочина од гребенот до градната коска. Грбот е краток и јак ,а грбната линија во благ лак паѓа зад нивото на гребенот.
Заден дел : Гледано одзади, задните нозе се паралелни. Бутините се мусколозни, а поколеницата добро развиена. Коленото, исто така, е добро развиено. Потколеницата е доста аглеста, со коските на дошепјето кои се кратки и снажни. Опашката е кратка, ниско всадена и хоризонтална носена.
Влакна: кратки, полегнати, еднакви, остри на допир, со темен сјај.
Движење : Кога се движи изгледа црвст. Лесно го поминува теренот, со лесен слободен чекор и со особена живост. Предните нозе ги исфрла напред, а задните ги движи лесно во колкот и добро ги свиткува.
Боја :
а) за белите кучиња - чисти бели влакна, пигментацијата на кожата и ознаките на главата не е потребно да се казнуваат.
б) за обоените бојата доминира. Токчестите ознаки белите влакна не се пожелни, како и сината боја и боја како џигер.
Маса и големина: Не постојат ограничувања во телесната маса и височината, но е потребно да постои импресија за максималната супстанцја на кучето во складот со квалитетот.
Недостаоци: Сите отстапувања од наведените карактеристики се смета за недостаток или дискфалициона маана.
Н.Б :Мажјаците треба да имат два нормално развиени тестиси, наполно спуштени во скротумот.