III.2.3 ЗАПАДНОШКОТСКИ БЕЛ ТЕРИЕР
Стандард бр. 85 - Велика Британија
Во последно време оваа раса е присутна и кај нас.
Општ изглед : снажно граден пес со длабоки гради. Има рамен грб. Задните нозе се мусколозни и полни со снага. Мал, активен, смел, робустен, со самостојност при настап.
Глава и череп : Черепот е благо заоблен. Горниот дел на главата благо се стеснува од коренот на ушите кон очите. Растојанието меѓу потилната коска и очите незначително е поголемо од должината на предниот дел. Главата му е богата со влакна. Стопот е јасно изразен. Носната габа е црна и голема, со муцката создава рамна линија. Очите се далеку едно од друго. Тие се средно големи, тркалезни и темни. Ушите се мали и вертикални и сигурно носени. Забалото меѓу песјаците е широко. Има правилно ножичесто забало.
Предни нозе : Плешките се положени косо назад, широки и добро прилегнати на градите. Предните нозе се кратки, мусколозни и рамни, покриени со густи, кратки и остри влакна. Има прав грб, со широки снажни слабини.
Задни нозе : снажни, мусколозни и широки. Тие се кратки, со снажни тетиви. Скочниот зглоб е добро аглест. Предните шепи се поголеми од задните, тие се тркалезни, доволно големи и со добро пополнети перничиња. Опашката е долга 13-15 цм и не смее да се купира.
Влакна : двојни. Покривните влакна се долги околу 5цм, а подвлакната се сомотски, кратки, меки и густи.
Боја : БЕЛА
Маса и Големина : височината на гребенот е 28 цм.
Недостатоци : Секое отстапување од наведените карактеристики се смета како недостаток или дискфалкициона маана.
Н.Б : Мажјаците треба да имаат два нормално развиени тестиси наполно спуштени во скротумот.