III.1.7 ВЕЛШКИ ТЕРИЕР
Стандард бр. 78 - Велика Британија
Општ изглед : Многу жив, компактен, погоден за работа, со пропорционална градба. Срдечен е , послушен и лесен за обука. Не е плашлив, апсолутно не е агресивен.
Глава и череп : Черепот е рамен, со умерена должина меѓу ушите. Вилиците се снажни, доволно изразени, многу длабоки и опасни. Стопот е благо заоблен. Муцката е црна. Очите се мали, убаво поставени и темни. Ушите имаат форма на буквата V и се мали. Вратот е средно долг и е широк.
Предни нозе : долги лопатки, коси, добро поставени кон назад. Нозете се прави, мусколозни со цврсти коски. Дошепјето е снажна. Градите се добро развиени, доволно долги и средно широки.
Задни нозе : снажни, со мусколозни бутини, доволно долги. Скочниот зглоб е свиткан, со цврсти коски. Опашката е правилно всадена и обично е купирана.
Движење : И предните и задните екстремитети се прави. Лактите се движат паралелно со оската на телото, доста слободно.
Влакна : груби, како челична жица, обилни и густи.
Боја : црна и пламена, или пепеласто-црна и пламена, без црни дамки на прстите.
Височината на гребенот не преоѓа од 39 цм. Тежината изнесува од 9 до 9,5 кг.
Недостатоци : Секое отстапување од наведените карактеристики се смета за недостаток или дискфалициона маана.
Н.Б : Мажјаците треба да имаат два нормално развиени тестиси наполно спуштени во скротумот.