III.2.1 ШКОТСКИ ТЕРИЕР
Стандард бр. 73 - Велика Британија
Постојбина на овој пес е Шкотска, каде што се употребувани кратконоги тврдовлакнести териери, многу порано пред Шкотскиот териер да се појави во Англија на изложбата на кучиња. Тоа е пес кој се обучува особено за лов на лисици и јазовци. Голем број од нив ѓи губат ловните особини, бидејќи се чуват како домашни миленици.
Општ изглед : Ниско поставен пес. Со својата големина е погоден за работа под земја, кратконог е , а познат е како пес со огромна снага и подвижност.
Глава и череп : Има долга глава, со правилен сооднос според големината на кучето. Должината на главата овозможува прикладна широчина, при што черепот изгледа тесен. Горниот дел на главата е рамен. Личниот дел е снажен. Черепот и личниот дел приближно се со иста должина. Очите се бадемести, темнокафеави, доста далеку едно од друго. Ушите му се нежни, тенки и шилести, вертикално носени. Всадени се високо. Забалото содржи големи заби, со перфектно правилно ножичесто забало. Вратот е снажен и умерено долг. Грбната линија е рамна и паралелна.
Преден дел : Главата е носена на мусколозен врат кој преоѓа кон долните наназад поставени плешки. Градите се сместени пред снажните коски на предните нозе, кои имаат вертикално дошепје.
Заден дел : Воочливо снажен за големината на песот. Дошепјето е кратко, снажно и не е свртено ниту на надвор ниту на внатре. Предните нозе се малку поголеми од задните. Опашката е средно долга и урамнотежена.
Движењето е течно и слободно. Предните и задните нозе се движат рамно напред, со добар потисок.
Влакна : цврсти, прилегнати и двојни.
Боја : црна, пченична или тигреста.
Маса и големина : височината на гребенот изнесува 25,4 - 28 цм, а тежината 8,6- 10, 4 кг.
Недостатоци : Секое отстапување од наведените карактеристики се смета за недостаток или дискафалициона маана.
Н.Б : Мажјаците треба да имаат два нормално развиени тестиси наполно спуштени во скротумот.