III.1.6. БОРДЕР ТЕРИЕР
Стандард бр. 10 - Велика Британија
Тоа е раса која не е застапена кај нас. Многу ретко се појавува на мегунардни изложби од странски излагачи. Темпераментен е и храбар.
Глава и череп : Слична на видрата, черепот е широк, муцката е кратка и силна, носот му е истакнат и црн, но може да биде кафен и со боја на месо.
Очи : Темни и со животински израз.
Уши : Мали во форма на буквата V, свртени кон напред, а со внатрешниот раб ги допираат образите.
Заби : Стојат вертикално, вилица во облик на ножици, но дозволено е и во облик на клешта.
Врат : Просечно долг.
Предни нозе : Прави и на груби коски.
Тело : Длабок граден кош, тесен и прилично долг, ребрата не се секаде истакнети, но достигнуваат длабоко и далеку наназад, бутовите му се силни.
Задни нозе : Добро прилагодени за трчање.
Опашка : Кратка, на почетокот силна вкоренета високо и со задоволство ја носи.
Влакна : Груби и густи, со добро поткрзно, кожата мора да биде силна.
Боја : Црна, жолта, гризли со пламени знаци или бела со пламени знаци.
Висина и тежина : Нема стандард, а тежината на мажјакот е од 5,9-7,1 кг, а кај женките 5,1- 6,4 кг.
Н.Б : Мажјаците треба да имаат два нормално развиени тестиси, наполно спуштени во скротумот.