III.2.5 АВСТРАЛИСКИ ТЕРИЕР
Стандард бр. 8 - Австралија
Оваа раса не е застапена кај нас.
Општ изглед : снажен, ниско ножест пес. Прилично е долг во однос на височината на гребенот. Нетримуваните остри влакна со јасна крагна околу вратот, која се протега од градната коска и од долгото тело, формираат смел робустен глобален изглед на кучето.
Глава и череп : Има долг, рамен череп, средно широк. Благ стоп. Силна муцка, со иста должина на черепот која е прекриена со меко перче. Носот е црн. Очите се мали и јајцевидни. Ушите се мали, вертикално носени и шилести. Забите се големи и правилно распоредени. Вратот има добра должина.
Преден дел : Градниот кош е длабок. Предните нозе се со снажни коски и рамни. Дошепјето е снажно и не е косо.
Заден дел : средно долг, широк, со јаки мусколозни бутини. Скочниот зглоб е ниско поставен. Опашката е сечена, високо всадена, добро носена над грбот.
Движењата се слободни, праволиниски, еластични и енергични.
Влакна : остри, полегнати, густи покривни влакна околу 6цм и кратки меки подвлакна.
Боја : сина, челичносина или темнопепеласта-сина со белези на потстава. На личниот дел и на делот на ушите, на долните делови на телото, на нозете, на шепите и околу анусот малите кученца немаат такви белези. Перчето на главата е сино.
Маса и големина : Пожелна височина на гребенот е 25 цм. Женките се малку пониски. Пожелна маса кај мажјаците е 6,5 кг, а кај женките таа маса е помала.
Недостатоци : Секое отстапување од наведените карактеристики се смета како недостаток или дискфалициона маана.
Н.Б : Мажјаците треба да имаат два нормално развиени тестиси наполно спуштени во скротумот.