Во оваа тема ќе пишам некои работи кои не се задолжителни, но сепак е потребно да им се обрати внимание.
- Доколку сте во можност пишувајте со македонска подршка;
- Доколку сте во можност обратете внимание на правописот додека пишувате. речениците без точки, запирки.. се потешки за разбирање;
- Ако сакате да цитирате, не копирајте ја содржината од претходниот пост, туку натиснете на цитирај, а од таму оставете го делот којшто ви е потребен, за да биде уредно;
- Не цитирајте ги сликите, туку само линот од кадешто доаѓа сликата, освен ако не е многу важно или пак сакате да нагласите некој дел од таа слика, поради што мора да се цитира;
- Делот од форумот ,, Претставете ги Вашите миленици / Introduce Your pets “ служи за претставување на Вашите миленици пред јавноста, во овој дел не е потребно да се даваат стручни коментари за сликите, односно кучињата на сликите, без барање на членот кој ги поставил истите.
- Делот од форумот ,, Раси на кучиња / Dog Breeds “ е место каде секоја слика што е поставена може да подложи на негативен или позитивен коментар, кој ако биде поткрепен со факти, администрацијата ќе го остави, секако доколку истиот не надминува некои морални норми. Да напоменеме бидејќи често доаѓа до реакции, администрацијата на форумот не е за да штити некој член, ниту пак да напаѓа некој член, туку да одлучи кој пост треба да остане, а кој не и да воведува ред на форумот.
Следува уште...