III.3.3. АМЕРИКАНСКИ СТАФОРДСКИ ТЕРИЕР
Стандард бр. 286 - САД
Се смета за ``национален пес на САД``. Во него има повеќе крв на англиски булдог, отколку териерска. Вкрстен е од француски булдог, од англиски булдог и од бултериер.
ДАТА НА ОБЈАВА НА СТАНДАРДОТ по FCI/286 : 03.09.1996
FCI КЛАСИФИКАЦИЈА : Група 3 Териери Секција 3 Териери од типот bull Без работен испит.
Општ впечаток : Стафордскиот териер мора да остава впечаток на поголема сила во однос на својата големина, добро поврзано куче, мускулест, но спретен и складен, темпераментно заинтересиран за својата околина. Мора да биде збиен, не смее да биде долгоног. Неговата храброст е на завидно ниво.
Глава : Со средна должина, длабока.
Череп : Простран, нагласен.
Нос : Јасно црн.
Муцка : Средна должина, заоблена на горната страна со нагол прелаз над очите.
Усни : Затворени и прилепени, без лабавост.
Заби : Добро формирани. Долната вилица е силна и со силен загриз. Горните заби тесно прилегаат на предната страна на долните заби.
Очи : Темни, кружни, добро оддалечени, без виолетови капаци.
Уши : Високо насадени. Купирани или не купирани, попожелни се потенки. Некупираните уши мораат да бидат кратки и точно поставени. Висечките уши треба да се казнуваат.
Врат : Силен, лесно подвиен. Без лабава кожа.
Тело : Грбот прилично краток, лесно закосен од плешките кон карлицата, со лесен пад од карлицата кон коренот на опашката.
Опашка : Кратка во однос на големината, ниско всадена, се стеснува кон врвот, не е искривена, ниту е носена над грбот. Не се скратува.
Предни екстремитети : Предните нозе рамни, со силни коски.
Задни екстремитети : Мускулести.
Шепи : Со умерена величина, добро заоблени, компактни.
Движење : Еластично, без гегавење или клатење.
Влакно : Кратко, тврдо на допир, сјајно.
Боја : Допуштена е секаква боја, еднобојна, повеќебојна или флекаста, но повеќе од 80% бела.
Големина : Висината и тежината треба да бидат пропорционални. Висината од 46 - 48см во гребенот за мажјаци и од 43 - 46см за женки се смета за најпожелна.
Недостатоци : Предгриз или подгриз, депигментиран нос, светли очи, виолетови капаци, предолга или лошо носена опашка.
Н.Б : Мажјаците треба да имаат два, наизглед нормални тестиси, спуштени во SCROTUM.