III.1.4. ЕРДЕЛ ТЕРИЕР
Стандард. бр 7 - Велика Британија
Општ изглед : Тоа е најголем англиски териер. Мусколозен е, активен и компактен пес без знаци на високоногост или на непропорционална должина на телото. Тој е многу жив пес со решителен израз. Постојано е внимателен, не е агресивен ниту плашлив.
Глава и череп : Черепот е долг и рамен. Не е широк меѓу ушите, а кон очите благо се стеснува. Главата му е пропорционална, без јасна разлика во должина, а има сосем малку видлив стоп. Носната габа му е црба. Очите имаат темна боја. Усните му се добро прилепени. Ушите имаат облик на буквата V. Вратот е сув и мусколозен, средно долг и јак. Забите се поставени вертикално во вилицата.
Предни нозе : Долги плешки, рамни, коси, добро поставени наназад. Предните нозе се потполно рамни, со јак скелет. Грбот е краток, снажен , рамен и мазен без олабавеност. Градите се длабоки но не широки.
Задни нозе : долга и снажна бутина, со мусколозна потколеница, и со добро аглест коленски зглоб кој не е ниту надворешно ниту внатрешно нагласен. Шепите се мали и тркалезни и компактни, со добро изразени и потполнети перничиња. Опашката е високо всадена. Се купира, не е свиткана над грбот, има добра маса и снага.
Влакна : Тврди, густи и еластични, но не и толку долги за да бидат докнести. Тие се мазни и рамно прилегнати, потполно ги покриваат телото и нозете.
Боја : Седлото е црно или со боја на гризли. Црни се и вратот и горната страна на опашката. Ушите имаат потемно пламена боја.
Височина и тежина : височината на гребенот кај мажјаците е 58-61 цм, а кај женките 56-59 цм.
Недостатоци : Секое отстапување од наведените карактеристики се смета за недостаток или дискфалициона маана.
Н.Б : Мажјаците треба да имаат два нормално развиени тестиси наполно спуштени во скротумот.