/Themes/kupimilenik/images/theme/baner.png

Автор Тема: Сибирски хаски-Siberian husky (FCI: 5.1-270)  (Прочитано 625 пати)

Отсутен Hanibal

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Пораки: 1304
    • Погледај го Профилот
Стандард бр. 270- САД

Општ изглед : сибирското хаски е работен пес, со средна големина, доста флегматично движење, но со енергични одови. Движењето му е природно и елегантно, тело збиено, покриено со квалитетно крзно, уши прави, опашка густо влакнеста која асоцира на неговото нордиско потекло. Има карактеристично движење, доста живо и лесно. Со голема сигурност ја извршува својата улога на пес влечач, влечејќи го товарот со умерена брзина на големи далечини. Пропорциите и обликот на неговото тело покажуваат урамнотеженост, брзина и издржливост, мажјаците и женките се без недостатоци во нивтата градба. Сибирскиот хаски со добра кондиција и добро развиена мускулатура никогаш не е претежок.

Карактер : се одликува со умилкување, разиграност и дружељубивост. Не покажува посесивност на пес чувар, а спрена туѓи лица не е недоверлив, ниту агресивен. Полужен е и работи со големо задоловство.

Глава : черепот е пропорционален на телото, благо заоблен со клинеста форма. Муцката е средно долга. Растојанието од носната печурка до стопот е еднакво на растојанието од стопот до потилната коска. Стопот е добро изразен, линијата на носникот е рамна. Муцката е со средна ширина и постепено се стеснува кон врвот, кој не е ниту шилест ниту со коцкаста форма. Усните се прилегнати и добро пигментирани. Загризот е ножичест. Ушите се средно големи, триаголни, високо всадени и релативно блуску поставени. Дебели се и прикриени со густо крзно, заоблени во коренот и вертикално носени. Врвовите се благо заоблени. Очите се бадемести, средно големи, благо искосени. Погледот е жив и пријателски, и доста љубопитен. Бојата на очите е костенлива или сина, а се прифаќаат и биколори.

Врат : средно долг,добро обликуван , носен достоинствено. Во кас, обемот на вратот привидно се зголемува, а главата е благо напред наклонета.

Тело : лопатката е добро поставена и со хоризонталата склопува агол од 45 степени. Мускулите и лигаментите се цврсти и развиени, кои ја поврзуваат плешката со градниот кош. Градите се изразени и јаки. Најниската точка на градите е сместена точно во нивото на лактите, ребрата се добро заоблени, благо сплостени по страна поради слободата на двишењето. Грбот е цврс и прав, а грбната линија е рамна. Средно долг, не е ниту предолг ниту прекраток, слабините се заоблени и снажни, потесни од градниот кош, благо издигнати. Сапите се свиткани во однос на `рбетот, но не се многу наклонети, за да го поречуваат исчекорот на задните нозе. Телото е многу подолго во однос на висината на гребенот.

Предни нозе : гледано однапред, предните нозе се умерено оддалечени, паралелни и вертикални. Лактите не се ниту волвечени ниту исфрлени. Шепјето е благо наклонето. Дошепјето е снажно и доста подвижно. Коските никогаш не се претешки, растојанието од лактите до земјата е малку поголемо отколку растојанието од гребенот до лопатките.

Задни нозе : гледани одпозади, тие се паралелни, слободни, заоблени и снажни. Потколеницата е добро истакната и добро поставена. Шепите се овални, но не предолги. Средно големи, компактни и добро влакнести помеќу прстите и перничињата на табаните. Перничињата се тврди и дебели. Шепите не се ниту извртени, ниту увртени.

Опашка : добро влакнеста, четкаста, слична на лисица. Нормално всадена, носена грациозно, свиткана над грбот како срп кога песот е возбуден. Не смее да се свиткува ниту на лево ниту на десно, аниту да паѓа кон грбот. При одмор таа е опуштена. На целиот дел влакната на опашката се средни со еднаква должина давајќи и на опашката изглед на “округла” четка.

Движење : се истакнуваат при умерен кас-при што трагите му се нижат во издолжена линија на телото. При одови нозете се прави, лактите не се исфрлени, шепите не се ниту извртени ниту увртени, грбната линија е рамна.

Влакна : дупли и средно долги,густи, никогаш не се предолги за да го попречуваат изгледот на јасните контури на песот. Подвлакната се меки и густи. Влакната се рамни и благо подлегнати, не се предебели или накострешени. При митарење, подвлакната се губат.

Боја : дозволени се сите бои од чисто бела до црна. На главата се среќаваат различни ознаки, карактеристични маски кои кај другите раси не се наоѓаат.

Висина : мажјак: 53,5-60см
                женка: 50,5-56см

Тежина : мажјак: 20,5-28кг
                женка: 15,5-23кг

Н.Б. : Мажјаците мора да имаат два нормално развиени тестиса, потполно спуштени во скротумот.

**Преземано од"Развојот на кинологијата во Република Македонија со посевен осврт на најзастапените раси"- Мр. Илија Дроздовски
Спие !!!

Отсутен Nade

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Пораки: 3216
    • Погледај го Профилот
Одг: Сибирски хаски-Siberian husky (FCI: 5.1-270)
« Одговори #1 на: 00:30, 21.03.2010 »
Multi Junior Champion Pride of Siberian Lady


Psionic Tale of Inner Vision


Mulit Juniorchampion Andromeda of Inner Vision
« Последно менување: 08:04, 16.04.2010 Nade »
Labs are kids covered in fur

Отсутен Vision

  • Full Member
  • ***
  • Пораки: 174
    • Погледај го Профилот
Одг: Сибирски хаски-Siberian husky (FCI: 5.1-270)
« Одговори #2 на: 01:10, 16.04.2010 »
Eve da vi gi prestavime nasite novi bebinja :)

Tatko : Pride Of Siberian Lady
Majka : Psionic Tale Of Inner Vision

Rodeni : 23.03.2010

4 maski i edno devojce :)

Tato i Mama :


Maskite :



Devojceto :


Edna grupna :


www.innervision.com.mk


Отсутен Nade

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Пораки: 3216
    • Погледај го Профилот
Одг: Сибирски хаски-Siberian husky (FCI: 5.1-270)
« Одговори #3 на: 08:05, 16.04.2010 »
Епа имате прекрасни бебиња, се надевам дека имате дома добар алармен систем  ;)
Labs are kids covered in fur

Отсутен Nade

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Пораки: 3216
    • Погледај го Профилот
Одг: Сибирски хаски-Siberian husky (FCI: 5.1-270)
« Одговори #4 на: 20:35, 11.09.2011 »
Интервју со Inner Vision Kennel ( одгледувачница за Сибирски Хаски)

Почитувани посетители на КупиМиленик, имаме посебна чест и задоволство ни е да направиме едно интервју со една од Македонските најдобри одгледувачници. Станува збор за одгледувачницата Inner Vision , одгледувачница за расата Сибирски Хаски. Разговараме со Стефан Митревски , сопственик на Inner Vision Kennel.
KupiMilenik.Mk : Како се одлучивте за оваа раса и како започна сето тоа?

Inner Vision Kennel: Јас и моето семејство сме опкружени со домашни миленици долги години наназад.Во 1980 година мојот татко чуваше ловечко куче , потоа на подарок добивме Ирски сетер а во 1994 година за прв пат земавме куче од расата Германски Овчар. До 2004 година исчувавме неколку кучиња од таа раса. Меѓутоа, со тек на време дојдовме на идеа  дека сакаме да се задржиме на раса која има по нежен темперамент но слична анатомска градба како и Германскиот Овчар. На тој начин приказната продожи со Сибирски Хаски.Во 2004 година ја набавивме првата женка Мерлин која и денес е член на нашето семејство. Со нејзиното доаѓање  во нашиот дома се роди љубовта кон оваа поларна раса. Мерлин беше приказната на неколку изложби во Македонија и постигна одлични резултати. За време на тие изложби имав прилика да видам изворедни одгледувачи. Оваа раса припаѓа на V FCI група која што особено ми го привлече вниманието. Со цел да го прошитам своето знаење за самата раса а воедно и групата на која и припаѓа, подоцна станав и кинолошки судија што за мене преставува особено задоволство.

KupiMilenik.Mk : Што ја карактеризира оваа раса  и  накратко за нејзиното потекло ?

Inner Vision Kennel: Што се однесува до анатомскиот изглед на Сибирските Хаски, тие се работни кучиња кои се карактеризираат со средна големина , средно јак костур,волчњи изглед,триаголнести исправени уши, опашка во форма на четка . Имаат лесто и слободно движење и се грациозни во акција. Имаат двојно долго влакно кое ги штити од ниски температури. Најчесто се со светло сини очи , но присутна е и кафеавата боја, жолтеникава а има и случаеви кога двете очи се со различна боја односно Bi Colour  каде едното око е во една боја а другото во друга. Бојата на влакното исто така варира и може да се движи од целосно црна до целосно бела и нивни нијанси, како и комбинации од кафеава , црвена, жолта и итн.Карактерот на Сибирските Хаски е пријателски настроен , нежен и сталожен но се будни и спремни за работа во секое време. Нре поседуваат чуварски способности односно не се кучиња чувари. Не се агресивни кон непознати луѓе или друѓи кучиња. Кај повозрасните кучиња можеда се очекува покачено нова на достоинство и резервираност. Тие се интелегентни , верни сопатници и предани работници.Нивното потекло датира од пред 1900 година а денешните ДНК анализи покажуваат дека оваа раса е една од најстарите и најчистокрвните раси на светот.Оваа раса потекнува од источен Сибир каде што најпрвин била одгледувана од племето Циукчи кои што ги употребувале за влечење на санки на големи растојаниа и во тешки климатски услови. Подоцна примероци од оваа раса се од несени и во Америка и Канада , каде што доаѓа и до меѓународна промоција и официјализирање на расата, а подоцна и признавање од страна на меѓународната кинолошка федерација. Денеска како нивна официјална земја на потекло се смета Америка.

KuPiMilenik.Mk : Кога е официјализирана вашата одгледувачница и колку кученца брои?

Inner Vision KennelНашата одгледувачница Inner Vision официјално е регистрирана од страна на Кинолошкиот Сојуз на Македонија и Меѓународната Кинолошка Федерација во 2007 години. Бојот на кучиња во нашата одгледувачница изнесува околу 10 примероци ,но иамме и неколку примероци кој што живеат кај наши блиски луѓе – одгледувачи во двојна сопственост.

KupiMilenik.Mk : Со оглед на тоа дека постојано сте присутни како учесници на Кинолошките манифестации кај нас но и ја преставувате Македонската Кинологија и  надвор на нашите граници , кој се вашите успеси до сега?

Inner Vision Kennel : Нашата одгледувачница има големи успеси на државно и на меѓународно ниво, но во последно време сме многу задоволни и од успесите на кои што ги постигнуваат кучињата од наш одгој кои што се извезени во многу држави од светот меѓу кои : Америка, Русија,Германија,Австрија,Шпанија, Босна и Херцеговина,Бугарија,Србија и итн. Неколку позначајни достигнувања на нашите кучиња или кучињата од наш одгој се следниве....

BIS/BISS INT.CH Power Source Of Inner VisionSpeciality Polar Dogs (Budapest 2008),Judge Paul F. Willhauck (USA) VP, Best Puppy V1,Puppy BISS !CACIB Ohrid 29.08.2009 Judge: Liljane Stojkovich (FR/MKD) -Excelent 1 ,CAC,CACIB,BOB,BOG ,BIS !01.10.2010- Slovenia European Speciality for V FCI Group Judge: Lovenkjaer Svend (DK) - Excelent V4-CH Class !

Glowing Flame Of Inner Vision01.10.2010- Slovenia European Speciality for V FCI Group Judge: Lovenkjaer Svend (DK) - Very Perspective V1 ,Puppy R.BIS!

16.04.2011 Provinency Coutry Kennel Club Show - USAJudge:Mrs. Roberta C. DaviesHighlander Of Inner Vision goes Best Puppy and  Best Of Breed over 5 adults with only 7 month's.

KupiMilenik.Mk : Колку легла имате одгледано до сега и дали во моментов имате кученца на понуда за да можат нашите посетители да ве исконтактираат?

Inner Vision Kennel : До сега имаме одгледано околу 10 легла, и обично имаме кученца за продажба во текот на целата година. Моментално имаме легло и сите заинтересирани купувачи може да не контактираат преку нашиот вебсајт,телефон или пак маил.

www.innervision.com.mk
innervisionkennel@hotmail.com

02/3 114 9380
75 437 725
071 908 477

KupiMilenik.Mk : Кој е критериумот за да се набави кученце од вашата одгледувачница ?

Inner Vision Kennel : Секој оној кој е љубител на оваа раса, ги има потребните услови за чување на миленик и смета дека вреди да се инвестира во квалитетен примерок може да неконтактира.

KupiMilenik.Mk : Кој се Вашите планови за во иднина ?

Inner Vision Kennel : Планираме да продолжиме да инвестираме во оваа прекрасна раса и да го подоруваме квалитетот на светски ниво.

KupiMilenik.Mk : На кратко , начин на чување и одгледување на оваа раса, дали ја препоачувате за семејни луге  и нешто повеќе за тоа ?

Inner Vision Kennel:  Сибирските Хаски се погодни за чување внатре (стан-кука)и надвор (двор) доколку им се пружат соодветните услови за живеење. Доколку се чуваат надвор, овие кучиња не се препорачува да се чуваат врзани, односно треба да им се направи затворен бокс со куќарка. Како и на сите миленици им е потреба љубов, нега, исхрана и медицинска грижа.
Се препорачува за сите луѓе –семејства кои имаат доволно време и средстца за нивни чување. Исто така треба да се обрне големо внимание на нивната физичка активност, под тоа се подразбира редовни прошеткии некои типови на кондициони вежби.

KupiMilenik.Mk : И за крај .....Што мислите за идеата и за формирањето  на КупиМиленик.Мк , веб страна за кинолошки теми ,  и Кинологија Форумот каде може да се дебатира за сите кинолошки теми и сл ?

Inner Vision KennelМислам дека е одлична идејата за формирање на уште еден веб сајт и форум за домашни миленици , каде што севкупната јвност ќе може да се информира и научи нешто повеќе за кинологијата и домашните миленици.

КупиМиленик.Мк му се заблагодарува на Стефан Митревски и на целокупниот тим од Inner Vision Kennel им посакуваме уште многу легла и секако многу кинолошки успеси.


Labs are kids covered in fur

 

Photobucket