/Themes/kupimilenik/images/theme/baner.png

Автор Тема: Германски Шпиц - GERMAN SPITZ (F.C.I 5.4 - 97)  (Прочитано 746 пати)

Отсутен Hanibal

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Пораки: 1304
    • Погледај го Профилот
Потекло: Германија.

Дата на објавување на оригиналниот валиден стандард: 05.03.1998

Намена: Чувар и пес придружник.

Класификација:

Група 5   Шпиц и примитивни типови.
Секција 4  Европски Шпиц.

Без работен испит.

Кратко историско резиме: Германскиот Шпиц е потомец на каменото време « Peat Dogs » (Torfhund) « Canis familiaris palustris Rüthimeyer » и покасно Lake Dweller’s (Pfahlbau) Шпиц; тие се најстара раса на куче во Централна Европа.  Бројни други раси се произведени од нив.  Во земјите каде не се говори германски, Шпицот е познат како Keeshonds и а Тој шпицот како Pomeranian.

Општ изглед: Шпицот е популарен поради своето воодушевувачки убаво крзно, кое стои исправено поради бујното под-влакно. Особено импресивна е силната, грива, како гердан околу вратот и грмушкастата опашка носена свиена над грбот. Лисичестата глава со алармирачки, бистри очи и малите шпицасти, блиску поставени уши му ги даваат на Шпицот неговите уникатни карактеристики, односно неговиот дрзок изглед.

Важни пропорции:  Односот на висината на гребенот и должината на телото треба да е 1:1.

Однесување и карактер:  Германскиот Шпиц е секогаш внимателен, жив и особено посветен на неговиот сопственик. Лесно се подучува и лесно се тренира.  Неповерливоста кон странците и недостатокот на ловечки инстинкт го прават идеален чувар на домовите и фармите. Тој не е ниту плашлив, ниту агресивен. Отпорноста на временските непогоди, стабилноста и долговечноста се неговите најистакнати атрибути.

Глава:

Кранијален ( Черепен) регион: Шпицот има глав со средна големина, гледано одозгоре, изгледа најшироко назад и преминува во клиновидна кон врвот на носот.

Стоп: Умерен до означен, но никако нагол.

Фацијален регион:

Нос: Носот е округол, мал и целосно црн, темно кафеав кај кафеав Шпиц.
Муцка: Муцката не е предолга и стои во пристоен дел на черепот. ( Кај Wolfspitz/Keeshond , голем Шпиц и среден Шпиц односот на муцката и должината на черепот треба да биде околу 2:3, Кај минијатурниот и тој Шпиц околу 2:4).

Усни: Не се многу нагласени, блиску поставени до вилиците и  не формираат набори кај аголот  на устата.  Тие се комплетно црни кај сите бои, а кафени кај кафениот Шпиц.

Вилица/Заби: Вилиците се нормално развиени и покажуваат комплетен маказаст загриз со 42 заба, кореспондирајќи со забната формула на куче, односно горните заби блиску ги преклопуваат долните заби и се поставени исправено на вилицата. Кај минијатурниот и тој шпицот недостатокот на неколку премолари(пред катници) се толерира. Клештовидниот загриз е дозволен кај сите вариетети на Шпиц.

Образи: Образите се нежно заоблени, не испакнати.

Очи: Очите се средна големина, издолжени, малку закосени и темни. Капаците се црни кај сите нијанси на боја, темно кафеави кај кафеавиот Шпиц.

Уши: Мали, поставени високо и релативно блиску едно до друго,  триаглести и зашилени; тие се секогаш носени високо.

Врат:  Средна должина и е поставен широко кај рамената, благо заоблен и без гуша и е покриен со дебело, раскошно крзно кое формира голема грива.

Тело:

Горна (грбна) линија: Горната линија започнува од врвот на здрвените и начулени уши и се спојува со благиот завој на краткиот, прав грб. Грмушестата опашка која скоро го покрива грбот, ја заокружува силуетата.

Гребен: Високиот гребен паѓа неприметно (колку е можно пократко) во правиот , цврст грб.

Слабина: Кратко споена, пространа и силна.

Задница: Задницата е широка и кратка, не бега наоколу.

Гради: Длабоките гради се добро заоблени, предградите добро развиени.

Долна линија: Градите достигнуваат колку е можно повеќе, стомакот има благи свивки.

Опашка: Поставена е високо и е со средна должина. Се протега нагоре и паѓа надолу по грбот, право од коренот. Таа лежи тврдо на грбот и е покриена со грмушкасто влако. Дупли локни на врвот се толерираат.

Екстремитети:

Предни:

Општо: Прави, доста широк фронт.

Рамења: Лопатката е долга и добро лежи наназад. Надлактиците формираат агол од 90 степени со лопатката(скапулата). Рамото е со развиена мускулатура и е цврсто поврзано со градите.

Лакт: Зглобниот лакт е силен,  блиску поставен до градите и е свртен ни на напред ни назад.

Подлактица: Подлактицата е средна должина во релација со телото, силна и потполно
права.Заднината на подлактицата е пердувеста.

Дошапје: Цврсто, средна должина, предното дошапје стои во агол од 20 степени од вертикалата.

Шепи: Предните шепи колку е можно помали, округли и затворени, таканаречени мачји шепи, со добро заоблени прсти. Ноктите и перничињата се црни кај сите нијанси на боја, а темно кафеави кај кафеавите кучиња.

Задни: 

Општо: Задните нози се мускулести, со добро украсени перја до скочниот зглоб. Задните нозе стојат право и паралелно.

Колено: Зглобот на коленото е силен со умерено аглување, кој е свртен ни напред ни назад при движење.

Скочен зглоб: Скочниот зглоб е средна должина, многу силен и вертикален до земјата.

Шепи: Мали колку што е можно, добро затворени со добро заоблени прсти , таканарешени мачји шепи. Перничињата се груби. Бојата на ноктите и перничињата е темна колку што е можно повеќе.

Движење:  Се движат право напред со добра рамнотежа, еластично и течно.

Кожа: Кожата го прекрива телото без брчки.

Крзно:

Влакно: Германскиот Шпиц има двојно влакно:  долго, право и кратко, дебело, налик на памук подвлакно. Главата, ушите, предната страна на предните и задните нозе е покриена со кратко, дебело, кадифено влакно. Остатокот од телото има долго, богато влакно. Не брановидно, кдраво или издвоено на грбот. Вратот и рамењата се покриени со дебела грива. Задната страна на задните нозе е добро пердувеста, на задните нозе има изобилство од пердувести влакна  од задникот до колената.
Опашката е грмушкаста.

Боја:
a) Wolfspitz/Keeshound : Нијансирано сива.
b) Giant-Spitz : Црна, кафеава и бела.
c) Medium size Spitz : Црна, кафеава и бела, протокалова, нијансирано сива и други бои.
d) Miniature Spitz : Црна, кафеава и бела, протокалова, нијансирано сива и други бои
e) Toy Spitz/Pomeranian : Црна, кафеава и бела, протокалова, нијансирано сива и други бои.
Црн Шпиц: Кај црниот Шпиц, подвлакното и кожата мора да се црни и кожата на врвот мора да биде сјајно црна без беви или други маркации.
Кафеав Шпиц: Кафеавиот Шпиц треба да е со подеднакво кафеава боја.
Бел Шпиц: Крзното треба да е чисто бело без никави траги на жолто, што често се случува, особено кај ушите.

Протокалов Шпиц: Протокаловиот Шпиц треба да е обоен во среден опсег.

Други бои на Шпиц: Терминот «другите бои» ги покрива сите нијанси на бојата на кожата, како на пример: павлака, крем-црна боја, портокалово-црна боја, црна и тен и particolour (со бела боја, како главна секогаш). Црната, кафеавата, сивата или портокаловата мора да се распоредени по целото тело.

Големина и тежина:

Висина до гребенот:

a) Wolfspitz/Keeshond  49 cm +/- 6 cm         
                                 
b) Голем Шпиц  46 cm +/- 4 cm
                             
c) Средна големина  34 cm +/- 4 cm
                               
d)Минијатурен Шпиц 26 cm +/- 3 cм
 
e) Тој Шпиц/Pomeranian 20 cm +/- 2 cm
Кучињата под 18cm се непожелни.

Тежина: Секоја тежина на Германски Шпиц треба да кореспондира со големината.

Грешки: Секое отстапување од горенаведеното се смета за грешка и се зема во обзир во зависност од интензитетот на отстапувањето.

Сериозни грешки:

-   Грешки во конституцијата/градбата.
-   Глава премногу рамна; Изразено јаболчеста глава.
-   Месо боја нос, очни капаци и усни.
-   Кај Wolfspitz/Keeshond, Голем Шпиц, Среден Шпиц заби кои недостасуваат.
-   Грешки во движењето.
-   Кај сиво нијансиранатата боја недостаток на изразена маркација на лицето.

Елиминациони грешки:

- Меѓупростор кај фонтанелите.
- Предгриз или подгриз.
-  Агресивни или срамежливи
- Ектропија или ентропија.
- Бели дамки кај сите, освен кај белите шпицеви.
 
**Мажјаците мора да имаат два очигледно развиени тестиси спуштени во скротумот.
Превземено од : http://www.keesworld.com/4_BreedStandard/index.htm
Спие !!!

Отсутен Nade

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Пораки: 3216
    • Погледај го Профилот
Одг: Германски Шпиц - GERMAN SPITZ (F.C.I 5.4 - 97)
« Одговори #1 на: 01:02, 21.03.2010 »
« Последно менување: 23:46, 21.03.2010 Hanibal »
Labs are kids covered in fur

Отсутен Nade

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Пораки: 3216
    • Погледај го Профилот
Одг: Германски Шпиц - GERMAN SPITZ (F.C.I 5.4 - 97)
« Одговори #2 на: 01:05, 21.03.2010 »





Labs are kids covered in fur

 

Photobucket