Стандард бр.153-Далмација, Хрватска
Општ изглед : неговиот изглед е воочлив. Тој е силен, мускулозен и многу жив. Симетричен е со своите делови, без да остава впечаток на груб и флегматичен пес. Способен е брзо да трча и е многу издржлив. Мирен е , не е нагол, воздржан е, не е агресивен нити нервозен.
Глава : таа е сразмерно долга. Черепот му е сплеснат, најширок е меѓу ушите, а добро е заоблен кај слепоочниците, на главата има изразен стоп. Муцката е долга и снажна, не смее да е шилеста. Усните се добро прилегнати и висат опуштени. На главата не смее да има бори. Носот на црнодамчстите кучиња е секогаш црн, додека, пак, кај кафеаводамчестите е секогаш кафеав. Забалото има снажни ивлици, со перфектно правилен и потполн ножичаст загриз. Очите се средно големи, тркалезни, бистри и сјајни, светли со интелигентен израз. Бојата на очите зазависи од пигментацијата. На црнодамчестите кучиња очите мора да бидат темни, а очите на кафеаводамчестите мора да бидат светложолти, односно со боја на килибар. Работ на капаците на црнодамчестите кучиња е црн, а на кафеаводамчестите е кафеав. Упите се високо всадеени, средно големи, доста широки во коренот. Тие се прилегнати кон главата и постепено се стеснуваат до заоблените врвови. Тие се тенки, со фина структура, и добро дамчести.
Врат : долг, добро всаден и лесен. Потребно е кон главата да е тесен, без фанони.
Тело : градите се длабоки и широки. Ребрата се добро засводени. Грбот е снажен и рамен, слабините се јаки, мускулозни и благо заоблени. Гребенот е добро формиран и изразен.
Предни нозе : Рамењата на редните нозе се малце коси, наполно формирани и мускулозни. Лакните се прилегнати кон телото, наполно се рамни, снажни и со јаки коски. Потребно е тие да се еластични.
Задни нозе : мускулозни, силно развиени. Скочните зглобови се видливи, а колениот зглоб е добро аглест. Гледано одзади, задните нозе се паралелни. Шепите се тркалезни ицврсти, со добро засводени прсти(мачји шепи), со тркалезни,жилави, цврсти и еластични перничиња. Ноктите се црни или бели кај црнодамчестите кучиња, односто кафеави или бели кај кафеаводамчестите.
Опашка : таа достигнува до скочниот зглоб, во коренот е снажна, а кон крајот станува се потенка. Никогаш не е груба. Не смее да е всадена ниту прениско, ниту превисоко. Ја носи благо свитката нагоре, но ниту во еден случај завиткана. Пожелно е опашката да има дамки.
Движење : има наполна слобода при движењето што е рамномерно, со снажни ритмички движења, со испружени чекори. Гледано отпозади, нозете се придвижуваат паралелно, задниот дел на телото се движи по трагот на предниот дел на телото. Краткиот чекор и вкрсувањаа на нозете при движењето се сметаат за недостатоци.
Влакна : кратки, тврди, мазни и сјајни.
Боја : основната боја и дамките се од големо значење. Основната боја е чисто бела. Чиесто црни дамки има кад црнодамчестите кулиња, а како џигер боја има кај кафеаводамчестите. Дамките не смеат да преоѓаат една во друга, потребно е да се тркалезни и добро распоредени. Пречникот на нивната големина изнесува 2-3см. Дамките на главата, на опашката и на нозете треба да бидат помали ид другите дамки на телото.
Висина : мажјак: 56-61см
женка: 54-59см
Тежина : мажјак: 27кг
женка: 24кг
Н.Б. Мажјаците мора да имаат два нормално развиени тестиса, потполно спуштени во скротумот.