Парвовироза - Canine Parvo Virus CPV - 1 , CPV - 2
Canine Parvo Virus 1 Парвовирусот предизвикува клиничка болест најчесто кај штенци помлади од 6 недели.Главно предизвикува болест кај кученца кои се на возраст од 5-21 ден. Вирусот ја минува плацентата кај гравидни кучки и може да предизвика рана смрт на фетусот, абортус , дефекти кај новороденчињата.
Симптоми 1.Дијареа
2.Повраќање
3.Тешко дишење
4.Постојано цвилење
5.Ненадејна смрт
6. Дефекти кај новородени кучиња , абортуси и невитални штенци.
ДијагнозаАнтигено различен од CPV -2
Разликувањето на двата вируса е можно само со имуноелектронска микроскопија.
Терапија1.Постојана нега
2.Држење на топло
3.Рехидратација
- во моментов не постои вакцина за овој вид на вирус.
- На овој вирус не се обрнува многу внимание бидејќи во многу многу ретки случаи болеста завршува со излекување , најчесто има летален (смртен) исход (Exitus letalis).
Canine Parvo Virus 2 - правата парвовироза сите што ја знаеме
Кучешкиот парвовирус е многу мал ДНК вирус без липопротеинска обвивка.Припаѓа на фамилијата Parvoviridae. Сроден е со вирусот на мачја панлеукемија и со вирус кој предизвикува ентеритис кај ласиците.
Претставува екстремно отпорен вирус , може да остане жив и до 1 година во надворешна средина и отпорен на дезифициенси кои вообичаено се користат. Трансмисијата на вирусто најчесто е по орален/ фекален пат.
Трансмисија и патогенезаВирусот се шири со фецесот од инфицираните кучиња. CPV-2 ги напаѓа клетките кои брзо се размножуваат и тоа најчесто клетките во лимфоидниот систем , коскената срцевина и интестиналниот тракт. Оштетувањето на цревните ресички и крипти доведува до силна хеморагична дијареа. Инфекцијата на коскената срцевина и лимфоидните клетки предизвикува леукопенија.
Патогенеза Ако инфекцијата настанала in utero или набрзо по раѓањето , доаѓа до појава на миокардитис и оштетување (некроза) на миокардот , што резултира со смрт на новородените кучиња. Оваа форма не е толку честа како во минатото, поради што се повеќе кучиња имаат некаков имунитет кон вирусот постигнато со ефективна имунизација на кучки. Ингестираниот вирус навлегува во тонзилите (крајниците) , регионалните лимфни чворови и лимфоидното ткиво во интестиналниот тракт и во нив настанува негова репликација. 3-5 дена после експозицијата се јавува виремија и тогаш вирусот достигнува до епителот на криптите во тенките црева, каде настанува секундарна репликација. кучињата имаат треска за време на виремијата, но интестиналните симптоми се јавуваат 2 до 3 дена подоцна.
Клинички симптоми 1. Повраќање и хеморагична дијареа
2. Изразена дехидрација
3. Губење на апетитот (инапетенца)
4. Летаргија и депресија
5. Леукопенија
6. Нагла смрт ( при појава на миокардитис)
Гастроентеритисот е најчест кај кутриња на возраст од 6 до 20 недели, заради тоа што во овој период се губи заштитата од мајчините антитела , а вакцинацијата сеуште соодветно не ги заштитила.
Терапија Парвовирозата има многу висок морталитет . Јачината на клиничката слика зависи од староста на кучето , вирусниот сој и расата.
Добермани , Ротвајлери , германски овчари и пит були манифестираат јако изразена форма на болеста.
Терапијата најдобро ја знае вашиот доктор и нема да ја пишувам бидејќи има луѓе кои што по црни канали набавуваат лекови и сами лечат на своја сметка што е против законски . Мислам дека нема да ми замерите. =)
Превентива Вакцинирањето и создавањето висок титар на вакцинални антитела ја превенира појавата на болеста.
Програма за вакцинирање :
1. 6-8 недели
2.10-12 недели
3.14-16 недели
4. Дополнителни вакцинации се препорачливи за приемчивите раси кои покажуваат тешка клиничка слика ротвајлери, германски овчари, пит бул териери.