II.2.1.1 Аргентиско Куче
Стандард бр.292 - Аргентина
Кај нас ретко застепен. Се смета дека аргентинскиот пес е најак пес од сите расни кучиња.
Глава и череп : череп масивен, конвексен, во смер од напред кон назад и пострана.
Носник : иста должина има како черепниот дел, а замислената линија што ги спојува внатрешните очни агли еднакво е одалечена од потилната чевруга и врвот на носната габа.
Очи: темни, боја на лешник. Растојанието на очите мора да биде големо.
Поглед : жив и темпераментен.
Забало : добро приспособено без прогнација, јако со добро всадени големи заби.
Нос : црно пигментиранм, на крај силно издигнат, носниците добро отворени. Уши : добро поставени на половина или сосема подигнати - триаголни. Мора секогаш да се купирани.
Усни : добро прилепени, црно пигменритани. Потилната коска не смее да е испаканата нанадвор, јаки мускули на потилот мора потполно да ја покријат. Врат : јак, заоблен добро обликуван, со дебела кожа на грлото. Кожата има набори како кај мастиф, бордошка дога или булдог.
Гради : широки, длабоки со многу простор за белите дробови. Однапред гледано длабочината на градите мора да достига под лактот.
Рамења : високи, многу јаки. Градниот кош широк, бочно гледано со својот долен раб се испакнува преку лактите. Горната грбна линија е повисока кај рамењата и благо се спушта кон слабините и сапите.
Предни нозе : рамни, потполно паралелни, со кратки ножни прсти, легнати еден покрај друг. Слабинскиот дел е покриен со мускули.
Задни нозе : надколеницата со јаки мускули со кратка подколеница и добро затворени шепи, прсти собрани.
Шепи : мачји,пигментација силно изразена.
Опашка : долга, јака, не преоѓа преку скочниот зглоб. Носена нормално висеча.
Боја : потполно бела. Секоја дамка без оглед каква и да е треба да се дискфалифукува.
Величина и маса: 40-45 кг, висина 60-65 цм.
Недостатоци : Секое отстапување од наведените карактеристики се смета за недостаток или дискфалициона маана.
Н.Б : Мажјаците треба да имад два нормално развиени тестиси, наполно спуштени во скротумот.