/Themes/kupimilenik/images/theme/baner.png

Автор Тема: Напади од кучиња, превенција и совети.  (Прочитано 324 пати)

Отсутен Hanibal

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Пораки: 1304
    • Погледај го Профилот
Децата се најчесто жртви на напад од страна на кучиња, поради различни причини. Тие се мали, прават нагли движења и не се толку воздржани. Некои кучиња ги сметаат за конплодилоенција, додека други ги сметаат за плен.

Постојат правила кои можат да придонесат да се избегнат нападите од страна на кучиња:
•   Никогаш да не се приоѓа на туѓо куче, без одобрение на сопственикот. Да не се мази куче кое не е со својот господар
•   Причекајте кучето да дојде до Вас
•   Немојте да пристапувате до куче кое е врзано, во автомобил или во двор
•   Дозволете му на кучето да ви ја помириса длакната свртена надолу
•   Не го допирајте песот по опашот
•   Немојте да го гледате директно во очите
•   Никогаш не бегајте од кучиња
•   Малите деца не смеат да бидат оставени во друштво со куче, без надзор
•   Децата треба да се научат да бараат дозвола од сопственикот пред да го погалат песот
•   Бидете претпазливи околу мајка со кученца, таа по природа ќе биде заштитнички настроена
•   Не го доближувајте лицето кон непознат пес...

Што треба да направите во случај кучето да ви се ,,заканува“:
•   Останете смирени, не бегајте и не го вртете грбот наспрема песот
•   Немојте да го гледате директно во очите
•   Полека тргнете се од песот
•   Во случај кучето да ве нападне соберете со во ,,топка“ и пробајте да ги заштитите вратот, главата и половите органи. Ако имате јакна, ташна или некој предмет пробајте да го ставете меѓу вас и кучето.

Групи на луѓе кои се подложени на највисок ризик:
•   Деца: кај децата степенот на нападнати од куче е највисок кај оние меѓу 5-9 години. Неодмнешните истражувања укажуваат на тоа дека процентот на нападнати деца од страна на куче е намален.
•   Возрасни мажи: возрасните мажи се почесто напаѓани од жените.
•   Лица со кучиња во своите домови: луѓето што чуваат кучиња во своите домови се позагрозени од овој проблем. Како што се зголемува бројот на кучиња во домот, така и ризикот е поголем. Возрасните луѓе со две или повеќе кучиња во домакинството се со 5 пати поголеми шанси да бидат нападнати.

Сите кучиња можат да напаѓаат без оглед на големината или расата. Клучот на заштита од напад е во одговорно одгледување:
•   Водете го на поводник вашето куче на јавни места, особено таму кај што има поголема фрекфенција на луѓе. Ако знаете дека прагот на толеранција на вашето куче наспрема странци е мал, шетајте го со краток поводник и маска.
•   Ако знаете дека прагот на толеранција на вашето куче наспрема странци е мал, шетајте го со краток поводник и маска на јавни места
•   Доколку го пуштате кучето во вашиот двор, бидете сигурни дека дворот е добро заграден и дека нема места низ кои кучето може да побегне.
•   Заштитете го вашето куче од беснило и во секое време чувајте го сертфикатот дека е вакцинирано.
•   Социјализирајте го вашето куче: уште додека е мало дозволувајте му контакт со други кучиња, постари или помлади за да може да се привикне. Несоцијализираните кучиња можат да се чуствуваат нелагодно во друштво со странци и кучиња.
•   Доколку го чувате кучето во двор, ставете ознака за тоа.


Ситуации кои треба да се избегнат за да не дојде до напад:

•   Бидете претпазливи кога го запознавате вашиот пес со нови ситуации. Будно следете дали вашето куче ќе направи знаци кои укажуваат дека се луствува нелагодно, доколку се случи тоа, пробајте да го смирите си весел тон на гласот и посластици
•   Не го оставајте вашето куче на места каде може да биде загрозено или надразнето.
•   Бидете сигурни кога го оставате кучето врзано со адекватен материјал. Имајте на ум дека некои материјали како што е кожата можат да бидат прегризани.



Спие !!!

Отсутен bruno of happy dog house

  • Full Member
  • ***
  • Пораки: 227
    • Погледај го Профилот
Одг: Напади од кучиња, превенција и совети.
« Одговори #1 на: 21:57, 10.05.2010 »
Сведоци сме на секојдневни и се по-зачестени напади од бездомници или домашни кучиња над луѓе,во многу случаи - над деца.Граѓаните, особено жртвите бараат итни мерки против агресивните животни,кои во повеќето случаи вклучуваат нивно усмртување.Нормална човечка реакција е да имаш желба за одмазда во ваква ситуација,но далеку не е нормален начинот на кој се случува сето ова.Нападите од житовни нема да исчезнат,но би можеле да се сведат на минимум,ако наместо да се обвини "уличниот пес"се искоренат дел од причините за однесувањето.


Од едната страна на проблемот стојат бездомните.Исто како и луѓето,кучињата се живи суштества кои имаат емоции,чувство за самозаштита и припадност.Се разбира,кога куче нападне човек кој оди по улицата,самозаштиата не е логична причина.Повторно исто како и луѓето,кучињата го градат карактерот врз основа на средината во која живеат.Кога животното се роди на улица,преживува кружејки по канти,собирајки отпад,за да се исхрани,подритувано е при речиси секој обид да побара близина на човек,нормално е тоа да се озлоби. Непријателскиот свет,во кој израснало го учи дека тоа однесување е типично.Кучињата не се безмозочни суштества,неспособни да ги контролираат животисните изблици.Одгледани со внимание и нега,тие се знаат да вратат,не случајно се познати како "најдобар пријател на човекот".И обратно-подложени на непотребно малтретирање и одбивање,не можат да оформат пријателско однесување.Колку луѓе ги напуштаат домашните миленици по улиците,бидејќи веќе не можат да се грижат за нив,сакаат ново животно и уште куп неоправдани причини? Многу.Колку луѓе ги подритнуваат и употребуваат брутално насилство над него,само затоа што тоа е слабо?Тие исто така се многу.Но, никој од овие луѓе не е заловен,успиен или осуден за делото.Дали, ако некој од предметните луѓе израснал на улица,како кучето, требаше да го има истиот поглед на животот?Секако дека не.Во него би се собрала истата агресија и антипатија кон луѓето и светот. Бездомните кучиња не се посебен вид на опасни животни,како што сме навикнати да ги третираме,тие се изоставени,принудени да се однесуваат така.


Секој има право на избор што животно да одгледува дома,но ако повеќе луѓе покажуваат хуманост кон животните,ако изберат да си посвојат кученце,улиците на земјата би биле со еден скитник помалку.Животно напаѓа човек,го приспиваат - историја потсетува на фразата "по дождот - сонце огрева.Но ретко се преземат мерки за да се спречи овој напад.

Од другата страна на проблемот стојат домашните кучиња.Бројот на нападнати од тие исто така не е мал.Тука ситуацијата не е многу различна.Голем процент од нападите се големи,се почесто дури "борбени" кучиња.Секој сопственик го познава однесувањето на домашниот љубимец и може да предвиди барем дел од активностите. Откако сопственикот е свесен дека кучето му е агресивно и има веројатност да повреди човек,треба да вложи напори да го ограничи контактот со луѓе или да преземе други соодветни мерки.Но не секој го прави,додека не се случи инцидент,за кој вината пак паѓа врз животното.Најчесто агресијата кај домашните кучиња се должи на несоодветно одгледување.

Има исклучоци,кучето е со нестабилна психа,изблици на агресија и т.н.,во кои е логично да биде приспиено,ако нема друг начин,но овие случаи се малку со оглед на глобалните случувања.

Кучињата не се раѓаат убијци,ние ги правиме такви.

Вината за овие напади и трагични приказни не е еднострана.Таа е како на бездомното куче,како на домашното куче,така и на неговиот сопственик.


Отсутен nikola$

  • Newbie
  • *
  • Пораки: 18
    • Погледај го Профилот
Одг: Напади од кучиња, превенција и совети.
« Одговори #2 на: 20:29, 28.04.2012 »
А сега вие кажете ми ако знаете како ние кучињата ги правиме да бидат агресивни или убијци.Што им правиме и како се понашаме со нив.Кои се тие вежби и тренирања што ги прават да бидат агресивни кон другите кучиња.Ве молам пишете ми ако нешто знаете?Фала ви.

Отсутен Nade

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Пораки: 3216
    • Погледај го Профилот
Одг: Напади од кучиња, превенција и совети.
« Одговори #3 на: 20:49, 28.04.2012 »
затвори го во кафез без храна и вода неколку дена, врши му присок до тој степен да го буквално доведеш до лудило и ете ти.
Labs are kids covered in fur

Отсутен nikola$

  • Newbie
  • *
  • Пораки: 18
    • Погледај го Профилот
Одг: Напади од кучиња, превенција и совети.
« Одговори #4 на: 20:28, 15.05.2012 »
Ама не може само со тоа има и некакви вежби за тоа?

 

Photobucket