За кучето се потребни постојани грижи кои обезбедуваат не само здравје,но и хигиена во домот.Состојбата на здраво куче може да се влоши со брзо темпо,доколку за него не се води потребна грижа.Еден од факторите,кон кој треба да се посветите со внимание,е одржување на ушната хигиена.Ушите имаат посебна форма,поради ушниот канал,кој може да предизвика многу проблеми.Во него се задржуваат различни бактерии и микроби,кои не се гледаат со голо око,но можат да бидат смртоносни.За да го заштитите кучето од вакви проблеми,е неопходно чистење на ушите еднаш седмично.Проветрување со свеж воздух за кучиња со долги или припиени уши.
Чистење треба да се врши внимателно,бидејќи ушните канали се исклучително нежни и подложни на повреди.Најдобро е да се доверите на ветеринар за оваа манипулација,но ако не можете да си го дозволите,еве неколку совети како да го направите сами:
1.Прво извиткајте го внимателно увото нанадвор за да имате слободен пристап до ушниот канал.
2.Внимателно вбризгајте препарат во увото.Медикаментот мора задолжително да биде препишан од ветеринар.
3.Потоа разтријте ја основата на увото со два прста за околу 20 секунди.Масажата овозможува на течноста да навлезе подлабоко во увото.
4.Кучето најверојатно ќе проба да го истресе крзното,поради дразнењето од течноста во ушите.Не го сопирајте,така ќе помогне на препаратот да се разнесе по обилно во ушниот канал,а исто така и ќе го отстрани вишокот од него.
5.Конечно користете пудра или друг производ за сушење на ушите. Чувајте го увото отворено за неколку минути,за да се исуши добро.
Кучињата се потпираат на слухот,тој е еден од најсилно развиените сетила,затоа треба да се однесуваме сериозно кон овој проблем.
Инструкции за кучиња со долго влакно во ушниот канал
http://www.youtube.com/watch?v=2mi3Aouu3e4&feature=related