Стандард бр. 61- Швајцарија
Општ изглед : одличен чувар, особено омилени му се децата, кои со задоволство ги надгедува. Овој пес е украс за секој дом поради својата силна и импозантна појава.
Карактер : пријателски, внимателен со мирен темперамент.
Глава : силна и импозантна. Черепот е силен, широк, малку заоблен, а од страна во благ лак преоѓа во образите. Потилната коска е умерено развиена. Помеѓу очите отпочнува челната бразда длабоко всадена во коренот на муцката, а таа псотепено се стеснува и изчезнува до потилната коска. Кожата на челото над очите создава набори кои повеќе или помалку се изразени и меѓусебно се приближуваат кај челната бразда. Наборите особено се изразени кога е песот во афект. Личниот дел е краток, носникот е заоблен и рамен. Од коренот на личниот дел преку целиот носник јасно е изразена плитка бразда до муцката.Усните на горната вилица се силно развиени, не се остро отсечени и лесно висат. Работ на усните е црн. Аголот на усните се гледа. Забалото е потполно, силно, најпожелно е ножичасто или клештесто. Пожелно е непцето да е црно. Дозволено е свртено ножичасто забало. Недостаток на Р1 се толерирта. Муцката е многу силна, со широки и изразени носници и таа мроа да биде црна како и усните. Ушите се со средна големина, високо всадени. Очите се средно големи, темнокафеави, до лешниксветлокафеави, со бистар израз, умерено длабоко всадени. Работ на очните капаци потполно пигментиран.
Врат : високо всаден, многу силен, во афект се носи стрмо, а кога не е во афект се носи хоризонтално или малку надолу. преодот од главата кон телото е означен со видлива бразда. Фаноните се изразени но тие не смеат да бидат многу развиени и јаки.
Тело : импозантно и хармонично. Гребенот е добро изразен, сапите благо паѓаат, лесно преогаат во коренот на опашката. Грбот е широк, силен и цврст. Градниот кош е средно длабок, со добро заоблени ребра, не е подлабок од лактите, долната линија движејќи се кон назад, благо се издигнува.
Опашка : всадена широко и силно. Долга и тешка, последниот нејзин пршлен допира најмногу до скочниот зглоб. При мирување е рамно обесена или во долната третина благо зазоблена, кога е песот во афект таа е носена високо.
Предни нозе : од напред гледани, тие се рамни, паралелни, поставени широко. Плешките се косо поставени, мускулести и косо припиени. Надлактицата е долга. Аголот помеѓу плешката и надлактицата не е премногу тап. Лактот е прилегнат. Подлактица рамна, коски силни, мускули суви. Предното дошепје гледано однапред е вертикално, а гледано одтрана е аглувано. Шепите се широки, затворени, со силни и цврсти зааоблени прсти.
Задни нозе : мускулести, одзади гледано, паралелни и не се косо поставени. Бутините се силни, мускулести и широки. Коленото е добро аглувано, ниту кон надвор ниту кон внатре свртено. Подлактицата е поставена косо, и е долга. Скочниот зглоб е благо аглуван и цврст. Шепите се широки снажни и со силно закривени прсти.
Влакна : вариетет со кратки влакна. Покровните влакна се густи, рамни, прилегнати и крути. Бутината е благо блакнеста. Вариетет со долги влакна: средно долги, рамни, покровните влакна со раскошни подвлакна. Пред карлицата и сапите понекогаш се благо брановидни. Бутината е многу влакнеста, предните нозе со бајрачиња, личниот дел и ушите се кратко влакнести, опашката е раскошна.
Боја : основната боја е бела со мали или поголеми црвени плочки, до сосема црвена светлокафеава наметка преку грбот и слабините. Дозволена е и црвена светлокафеава тигравост. Се толелира светкокафеава жолта боја, се толерираат поделени темни ознаки на главата. Се толерира црна боја на телото. Ознаки: градите, шепите, врвот на опашката, муцката, лиса на главата и дамката на потилокот мора да бидат бели. Пожелна е бела крагна, се толерира и симетрична темна маска.
Височина : мажјак: 70-80см
женка: 65-80см
Н.Б. : Мажјаците мора да имаат два нормално развиени тестиса потполно спуштени во скротумот.
**Преземано од "Развојот на кинологијата во Република Македонија со посебен осврт на најзастапените раси"- Мр. Илија Дроздовски