Често гледам огласи со содржина “изгубено е ...во тој и тој дел на градот...“.
Се прашувам,зошто јас не го загубам моето куче?На што според вас се должи феноменот на ЗАГУБЕНИ КУЧИЊА.
Ајде да ги ставиме настрана проблемите со кражби,дали неодговорноста ве асоцира на нешто?Често ми се случило да видам газди кои слободно ги пуштаат со часови милениците да се “раздвижат“,додека пијат кафе во некоја локална кафетерија или просто разговараат занесено во парк....
И кога после часови се свестат што заборавиле почнува едно довикување,една потрага,едно карање на кучето зошто премногу се одалечило...има раси како хаските и самоједите,од мое лично истражување овие кучиња доколку не им се обраќа доволно внимание знаат сами да забегаат во непознат правец...Пример,сопственик на самоед се замуабетува во парк со познат пријател,додека кучето е пуштено наоколу,разговорот е интересен...за само неколку минути ни трага ни глас од кучето....
Тука се провлекува и друго прашање,колку добро ги познаваме милениците.Имам видено луѓе кои шетаат така дресирани кучиња што се за восхит.Кучето никогаш не се одалечува на 15 метри од газдата макар пуштено слободно,го следи сопственикот со поглед...едноставно,степенот на социјализација е толку висок што тоа и без поводник не претставува никаква закана за блиската околина.
До кога ќе гледаме огласи во така малата држава и територија на загубени кучиња и какви се предпазни мерки да превземеме како превенција?