Еве да ја отвориме и оваа тема ИСХРАНА ЗА МАЛЕЧКО КУТРЕ
Поаѓајки од моето искуство од како ја земав МИА со исхраната сметав дека треба да ја отворам и оваа тема,имено,она е ептен бебе има 60 дена , секако почнав со дихидрат папи јуниор но гледам дека премногу е мала и едвај го јаде ,го натопив со водичка или со јогуртче за да се набубри и еве сеа си го јаде,од време на време и давам ориз варен со морковче,вади запчиња па по некогаш и корка лебче за да игра пред се и да го џвака .
Што ли уште ми е потребно,какви се вашите искуства?
Малку и ми е поослабната од кога ја земав,дали проблемот е дека се навикнува на нова храна или нешто друго незнам....али сеа веќе и се зголеми апетитот па се надеваме дека ке ја врати килажата која ја имаше предходно.
Какви се Вашите искуства со оваа проблематика?