Автор Тема: Дисплазија на колкови и лактови.  (Прочитано 3795 пати)

Отсутен Nena

  • Hero Member
  • *****
  • Пораки: 576
  • Others envy, owners pride
    • Погледај го Профилот
    • Play Full Team labradors
Не знам каде исчезна темава, еве ја отворам пак.

Eden od najcestite problemi kaj mnogu rasi.

Vo dvizenjeto, sekoe kuce, a posebno rabotnite kucinja, ja pokazuvaat svojata snaga, podviznost i odlucnost. Pravilnoto dvizenej e osnoven faktor za izvrsuvanjeto za zadacite (trcanje, skokovi...). Na dvizenjeto, vlijanie imaat gradbata na koskite, gradbata na anatomskata vrska pomegju nv, gradbata na muskulite, kako i agolot pod koj tie se spoeni.

Rabotnata sposobnot cesto pati e narusena so degenerativni promeni na zglobovite i na zglobnite povrzuvanja. Promenite najcesto se javuvaat kaj kolkovite, no i na drugite zglobovi, kako na laktot. Bolesta moze da zafati samo eden ili dvata zgloba istovremeno, so ist ili razlicen intenzitet.

Displazijata na kolkovi e degenerativna bolest kaj koja se javuvaat morfoloski promeni na zglobnite tela. Zglobnata caska se izdolzuva i nalikuva na izdolzen limon, a zglobnata glava se spleskuva. Ovie promeni go zafakaat i slojot na rskavicata koj degenerira, stanuva se potenok i posporo se obnovuva.

Kako posledica na ova, zglobnite tela poveke ne prilenuvaat edno na drugo kako sto treba, kako kluc i brava, pa doaga do potpolno ili nepotpolno iscasuvanje. Okolnite muskuli stanuvaat nerazvieni i ne mozat da ja stabiliziraat caskata pri oteretuvanjeto na zadnite noze. Zatoa, za mladi kutrinja nikako ne se preporacuva skokanje na dve noze ili dvizenje po skali!!

Postojat dve teorii vo vrska so pricinata zosto ova se pojavuva: genetski faktori i nadvoresni, od okolinata. Vo prilopg na prvata teorija, displazijata najcesto se javuva kaj odredeni odgleduvacki linii vo edna rasa, na primer, hrtovite mnogu retko zaboluvaat od displazija, a rabotnite rasi na kucinja, mnogu poveke, kako sto se germanskiot ovcar ili retriverite.

Deka se raboti za boles koja moze da nastane pod vlijanie na nadvoresnite fakori, govorat i ispiruvanjata sprovedeni vo Velika Britanija na okolu 15 000 kucinja, pri sto, najdobro rezultati pokazale kucinjata (nemale dipslazija) koi za vreme na mladosta miruvale, bez obzir na linijata ili na rasata.

Promenite na kolkovite najrano mozat da se vostanovat kaj kutre staro 9 meseci, koga e zavrsen procesot na okostuvanje, pa zglobnite tela mozat dobro da se pokazat na rentgen snimkata.

So ogled na intenzitetot, razlikuvame:

HD-0 zglobni tela uredno razvieni

HD-1 na RTG snimka, se voocuvaat blagi promeni koi ne mu precat na kuceto vo normalnoto dvizenje

HD-2 promenite se gledaat na RTG snimkata, i kaj kuceto predizvikuvaat oteznato dvizenje

HD-3 promenite se mnogu dobro vidlivi, kuceto tesko se dvizi, kuca pri obidot da trca

HD-4 najtezok oblik na displazija, kuceto ne moze da se dvizi

Ako se ustanovi displazija, a kuceto nema problemi pri dviozenjeto, ako bolesta e od nizok stepen, ne mora da se stedi od dvizenje, no ne smee premnogu da se optovaruva, kako na primer, dvizenje so velosiped, dolgi pesacenja ili skokanja. Preporaclivo e togas da go pustate kuceto vo igra so drugi kucinja i lesni prosetkibideji dobro razvienite muskuli na zadnite noze ke go rastovarat zglobot.

Mora da se znae deka displazijata e genetski presnosliva, zatoa, vnimavajte od kogo kupuvate kuce, birajte proveren odgleduvac ili barajte roditelite da imaat snimkи

*****************************************************************

Dijagnozata na displazijata se bazira vrz rentgenskite snimnki, no razlicni zemji postojat razlicni kriteriumi za nivna procenka. Postojat i golemi razliki vo nacinot na vrsenje na RTG. Naucniot odbor na FCI propisa protokol za procenka i formular so koj se verifikuva naodot za HD/ED no seuste postojat razliki posebno vo Velika Britanija, SAD i Skandinavskite zemji.
Prviot obid da se proceni displazija kaj kuce go izvrsi svedskiot kinoloski sojuz (SKK) zaedno so nacionalniot klub na germanski ovcari. Toa bilo vo dalecnata 1958 god. Nasoro ovoj model go prifatile i svedskite klubovi na drugite rasi, pa istiot protokol i do den denes vazi, so izmeni i dopolnuvanja.
Kon krajot na 200 god, vo Svedska se registrirani 1 000 000 kucinja koi se pregledani na HD. So ovaa impresivna brojka nemoze da se ppfali nitu edna druga svetska veterinarna organizacija ili klub.
Oznakite so koi se oznacuva HD vo Svedska se "normal" za zdravi kolkovi, a so stepenite od 1-4 se oznacuvaa bolnite.

Ortopedskata organizacija za zivotni (OFA) e formirana vo Amerika kako neprofitna organizacija koja zemala nekolkumina poznavaci od ovaa oblast. Potoa i Amerikanskiot nacionalen konoloski sojuz pocnal da gi koristi uslugite na OFA i taka do denes.
OFA denes poseduva najgolema baza na podatoci za statusot na HD za site rasi vo svetot. Minimalna vozrast za pregled e 24 meseci, a oznaki koi se koristat se "excellent", "good", "fair" (dozvoleno odgleduvanje) i "borderline HD", "mild HD", "moderate HD", "severe HD "  (zabraneto odgleduvanje).

Vo 1974 god. naucniot odbor na FCI go odrzal prviot raboten sostanok i formiral grupa koja trebalo da ja standardizira terminologijata vo vrska so HD. Sertifikatot e voveden vo 1979 god, a vo 1980 na kongresot na Svetskata Veterinarna Organizacija zapocnuva seriozna sorabotka megju FCI i WSAVA.

Klasifikacijata na stepeni na HD po FCI e:
A (bez znakovi na displazija) B (Skoro normalni zglobovi na kolkovite) C (blaga displazija) D (sredna displazija) E (teska displazija).

Odredeni kinoloski sojuzi i klubovi imaat sopstven model za klasifikacija na stepenite na HD:
VDH (Germanski KS) HD 0; HD 1; HD 2; HD 3; HD 4.

SV (Germanski klub za GO) " normal"; "fast normal"; "noch zugelassen"; "mittlere HD"; "schwere HD". prvite 3 stepeni ja dobivaat oznakata a.

ADRK (Germanski klub za rotvajleri) HD frei / HD - "; " HD +/- "; " HD + "; " HD ++ "; " HD+++ "


******************************************************************

Следниов текст е превземен од сајтот на БЛРК:

Ова е материјал кој треба да го види секој кој решил да го пушти кучето во приплод пред да направи неопходни наоди за наследно преносливи болести, затоа што доколку имаат дисплазија, подолу е прикажан нејзиниот најдобар резултат! ЛУЃЕ, РАЗМИСЛЕТЕ!

Нашиот Верди направи 7 месеци на 05.12.2009
За да си го земеме кога беше кутре, направивме една убава прошетка до Бургас. Пред да го земеме, ни почина претходното куче и токму во тој период имавме семејна финанскиска криза. Наидовме на оглас, каде се продаваа лабрадорчиња по цена од 150 евра. До пред 5 дена, јас не ја одобрував продажбата на кученца.. Но, откако се случија овие нешта во овие 5 дена, сега многу нешта ми се јасни....

По едночасовната прошетка низ паркот со Верди, сите си дојдовме дома изморени. Само Верди не можеше да заспие, бидејќи секое движење му беше проследено со болка. На моменти и не можеше да се исправи, а и да успееше, грбот му беше свиткан, и болно кривеше на задните нозе.
Отидовме веднаш во "Син Крст" каде што ни посочија снимање за дисплазија. Кога се вративме, Верди сеуште цвилеше од болки. Повторно отидовме во Синиот Крст, да ни дадат лекови за смирување на болки. Докторот кој беше ноќна смена, исто така потврди дека мисли дека е дисплазија. Срцето ми застана.
Ни дадоа лекови против болки.

Денес му направија снимки. Резулатот беше – дисплазија на колкови со степен Е (најтешкиот степен)
Д-р Георгиев препорача да се направи тројна остеотомија, но реално не би имало шанси да големо подобрување.
Во меѓувреме, Верди, под дејство на лековите против болки се однесува како ништо да не му е – скока, игра, лудува.
Побаравме второ мислење во клиниката "Анимо" кај Д-р Василев. Тој ги погледна снимките, ги измери и ја потврди дијагнозата. Препорача дартопластика...

Ги предупредив сопствениците на родителите на Верди од каде што го купивме. Ги замолив да не им создаваат агонија на други кучиња и да си ги кастрираат своите.
Мислам дека нема да ме послушаат... Дури и да им направат снимки за дисплазија, мислам дека тоа нема да ги спречи повторно да ги пуштаат во приплод.

Слика на Верди, по извршената дартопластика, со надеж да продолжи со колку-толку нормален живот...


Ина.

................................................



Отсутен Nena

  • Hero Member
  • *****
  • Пораки: 576
  • Others envy, owners pride
    • Погледај го Профилот
    • Play Full Team labradors
Одг: Дисплазија на колкови и лактови.
« Одговори #1 на: 23:18, 06.04.2010 »
СНИМАЊЕ И ЧИТАЊЕ НА КОЛКОВИ И ЛАКТОВИ КАЈ КУЧИЊАТА во Р.МАКЕДОНИЈА

Почитувани,

Ве известуваме дека Кинолошкиот сојуз на Република Макеоднија започнува со организација на снимањето, читањето и издавањето на сертификати за дисплазија на колкови и лактови кај кучињата.

Читањето и дијагностиката на колковите и лактовите ќе го врши Др.Вет.Мед.Спец. Бранислав Петкович од Србија -Специјалист за радиологија и ултра звучна дијагностика.

Цената на снимањето и читањето на колкови и лактови, и издавање сертификат од Кинолошки сојуз на РМ ќе чини:
           
95 Евра или денарска противредност по продажен плодилос на НЛБ Тутутнска банка на денот на уплата.

Пријавување и плаќање ќе се врши во канцеларијата на Кинолошки сојуз на РМ. После извршената уплата ќе биде закажан терминот за снимање.


Колку за информација, постои можност да се направат неофицијални снимки а колкови и лактови во Скопје. Снимките не се сертифицирани и точниот степен до милиметар не може да се утврди но барем може да се види дали кучето покажува знаци на дисплазија во голема мера или не. Цената на снимањето на два колка чини само 1200 денари (исто и за двата лакта).

Се надевам дека совеста ке се разбуди кај сите кои сакаат да ги парат кучињата. Секогаш викам, ако веке сакате потомство од кучето, бидете одговорни и обезбедете здраво потомство, на кое можете да се надевате доколку ги снимите своите кучиња.

Отсутен Hanibal

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Пораки: 1268
    • Погледај го Профилот
Одг: Дисплазија на колкови и лактови.
« Одговори #2 на: 23:52, 06.04.2010 »
Не знам каде исчезна темава, еве ја отворам пак.


Нена не исчезна темата туку  форумот е префрлен на нов сервер и голем дел од темите се избришаа, односно се почнавме од ново. Во секој случај фала многу за текстот.
Спие !!!

Отсутен sase

  • Jr. Member
  • **
  • Пораки: 56
    • Погледај го Профилот
Одг: Дисплазија на колкови и лактови.
« Одговори #3 на: 03:53, 07.04.2010 »
СНИМАЊЕ И ЧИТАЊЕ НА КОЛКОВИ И ЛАКТОВИ КАЈ КУЧИЊАТА во Р.МАКЕДОНИЈА



Колку за информација, постои можност да се направат неофицијални снимки а колкови и лактови во Скопје. Снимките не се сертифицирани и точниот степен до милиметар не може да се утврди но барем може да се види дали кучето покажува знаци на дисплазија во голема мера или не. Цената на снимањето на два колка чини само 1200 денари (исто и за двата лакта).



Kade e ova mesto za 1200 den

Отсутен dvm.Carlson

  • Newbie
  • *
  • Пораки: 23
    • Погледај го Профилот
Одг: Дисплазија на колкови и лактови.
« Одговори #4 на: 18:24, 03.07.2010 »
Бидејќи во предходните постови гледам нешто малку сте пишувале за дисплазијата еве ви еден мој труд , корисно е да го прочитате :)

Dysplasia articulatio coxae-femoralis (Вовед)

Дисплазија на  articulatio coxae-femoralis претставува генетска мана застапена кај повеќето домашни и диви животни и човекот. Најчесто се јавува кај кучиња, свињи и крави. Колкот како зглоб се состои од 4 коски и две основни зглобни плочи. Од страна на карлицата се наоѓаат 3 коски кои со своето спојување ја градат “чашката” на колкот во која навлегува caput femoris. За да зглобот би функционирал добро, caput femoris мора со идеален облик да одговара на чашката на колкот. Кај дисплазија на колкот чашката е премногу плитка за  да добро ја опфаќа главата на бутната коска. Во зависност од плиткоста на чашката на колкот, бутната коска во нејзе повеќе или помалку “шета” . Оваа појава нормално е болна и нестабилна. Таквите кучиња обично се “климави” на задните екстремитети, а во тешките облици на дисплазија на колкот можни се и исчашувања на зглобот. Поради таквото “шетање” на бутната коска и лошото налегнување на `рскавиците на зглобните површини доаѓа до оштетување на `рскавиците и нивно последично окостување. На место каде што ја снемува `рскавичната површина на зглобот , а остане или ја замени коскено ткиво доаѓа до понатамошни оштетувања, бидејќи коската не е така глатка како `рскавицата за да би можел зглобот да се премачкува со зглобната течност. Тоа придонесува за уште поголема болка кај животното и послаба подвижност. Со текот на времето доаѓа до типично хронично продуктивно воспаление на зглобот на колкот, каде окоскувањето опфаќа голема површина на зглобните површини па кучето се потешко и потешко се движи се додека на крајот тоа постане невозможно.

Причини за Dysplasia articulatio coxae-femoralis

Причини за ова заболување не се сеуште потполно разјаснети, но неколку предиспонирачки фактори имаат големо значење :
-   Наследни и генетски карактеристики (двата родитела имаат подеднаква улога во пренесување на оваа болест)
-   Ран брз раст на единките и нагло зголемување на телесната маса за кратко време
-   Прекумерна и неизбалансирана исхрана(премногу калории,витамини,минерали и протеини)
Симптоми и надворешни знаци
Симптомите на оваа болест варираат во зависност од староста на единката. Кај кучиња помлади од 3 месеци можен е потполн изостанок на клинички знаци, но исто така таквото кученце може да ги покаже првите знаци на несигурно и нестабилно движење како последица на нестабилноста на колковите.
Во старосна граница помеѓу 3 и 18 месеци кучињата покажуваат различен степен на послабо потпирање на ногата, укочен и/или тетерав од, како и “шепање” (кривење) во прилики на редовни вежбања. Исто така кај кучињата од оваа старосна категорија може да биде потполно без јасно изразени клинички знаци.
Кучиња во среден животен век или  во постарите години од животот можат повторно да почнат да покажуваат симптоми (отежнато станување и движење, различен степен на болност и сл.) на кои тогаш им е потребна адекватна медицинска и хирушка помош.
Позабележителни надворешни знаци на дисплазија :
   Кривење (шепање) после посилен напор
   За време на трчање кучето потскокнува како зајак
   Проблеми или болка при ослонување само на задните екстремитети
   Тешко станување од лежечка или седечка положба
   Звук како “клик” во колковите за време на движење
   Тешко качување по скали
   Лесно заморување
   Болна реакција при екстензија на задните екстремитети
   Кога животното ќе се сврти на грб некои кучиња се подместуваат така да задните екстремитети им се постават во  така наречена “жабја поза”
   Избегнување на скокање
   Притисок на страничниот дел може да предизвика спуштање на карлицата и болна реакција.

Дијагноза и Проценка

Многу е важно да се разбере дека некои единки се поотпорни од други и да сите не покажуваат исти симптоми. Со самата адспекција од страна не може да се даде соодветна адекватна оценка дали некое куче боледува од оваа болест или не. Со клинички преглед може само да се постави сомневање на оваа болест, но повторно не кај сите единки. Единствен начин  дисплазијата на овој зглоб потполно да се исклучи или да се потврди од сомневањето и да се одреди до кој степен е достигната е да се пристапи кон рентгенолошки преглед  со употреба на рентген апарат. Со рентгенското снимање се добива фотографски запис на анатомските структури кои го сочинуваат овој зглоб и нивниот меѓусебен однос , како и присуството и степенот на евентуалните секундарни промени.
Повеќето светски и европски развиени земји имаат стандарди кои јасно ги пропишуваат техниките на рентгенското снимање како и критериуми за проценка и одредување на степенот на болеста или неговото отсуство. Постојат извесни разлики во овие стандарди помеѓу поедини земји иако во суштина се работи за многу слични техники. Поради тоа покрај вредноста на НD стои и ознаката на државата во која снимката е проценета.
Рентгенското снимање се обавува во ветеринарна установа( амбуланта, клиника , ветеринарна болница и сл.) под надзор на доктор по ветеринарна медицина. Не постојат посебни барања во поглед на специјалноста на докторот и опремата која се користи за да кучето би можело да биде рентгенски снимано, но постојат посебни потреби во поглед на квалитетот на рентгенската снимка која се праќа на проценка. Клиничката пракса покажала дека кучето кое се изложува на оваков преглед мора да биде длабоко седирано или воведено во општа анестезија поради  подобро позиционирање и полесно манипулирање како и поради поголема сигурност за самото куче, сопственикот и лицето кое го обавува снимањето.  Адекватна позиција на колковите е поготово невозможно да се постигне без специјална опрема ( позиционери и помошни средства) и  стручност во тој поглед. Сопственикот или одгледувачот на кучето е должен да донесе педигре (потекло) и да овозможи идентификување на кучето (тетовир број или микрочип). Исто така сопственикот е должен да потпише формулар со кој го потврдува идентитетот на кучето и дека  овозможува јавно објавување на HD резултатите.
Рентгенската снимка мора да биде јасно обележана ,со дата и на него мора да биде “одпринтано” (не отпосле напишан или втиснат) тетовир број, број на микрочипот или друг број под кој кучето е заведено и идентификувано. Докторот по ветеринарна медицина таквата снимка со сета потребна документација ке ја прати на званична проценка и резултатот ќе биде внесен во педигрето на кучето. Минималната старост на кучето е 12 месеци и само единки кои се постари од 12 месеци можат да бидат званично проценети за HD.
Проценката на рентгенската снимка е базирана на вреднување на 9 поединечни критериуми (анатомски структури кои го сочинуваат зглобот). За секоја анатомска структура постои систем на бодувања од 0 до 6 така да максимум за еден колк може да биде 53, односно 106 за двата. Пожелен е што помал (0-10) поединечен збир на вредностите и што пониска (0-20) збирна вредност за двата колка. Поголем вкупен збир говори дека е во прашање тежок облик на ова заболување. За секоја раса е посебно дадена просечна вредност со која се споредуваат поединечните вредности добиени со прегледите на рентгенските снимки на кучето од  истата раса.   

Приказ на Dysplasia articulatio coxae-femoralis на рентгенограми

(Треба да има слика но не можев да ја поставам на која има неколку рентгенограми на кои се гледа нормални зглобови и снимки со уни или билатерална дисплазија и степени на дисплазија)

На рентгенографска снимка направена од животно кое не покажува никакви индикации за поседување на оваа проблематика ацетабулумот има правилен полукружен облик, со што со обликот одговара на главата на фемурот кој покрива две третини од површината на ацетабулумот.Ширината и контурите на зглобните пукнатини добро се уочуваат од кранијалниот дел па се до инцезура ацетабули.
   Рендгенската слика на дисплазија  на коксалниот зглоб по Шнел се карактеризира со 4  развојни стадиума.
1.Стадиумот на болеста се манифестира со проширување на зглобната пукнатина, што прави да главата на бутната коска не артикулира цврсто во зглобот.
2.Стадиумот на болеста покажува зарамнување на главата на бутната коска, при што фемурот уште  лежи во ацетабулумот.
3.Стадиумот на болеста се карактеризира со високо изразено зарамнување на главата на бутната коска кој обично има облик на печурка.Ацетабулумот е плиток и главата на фемурот често изгледа како да е сублуксирана.
4.Стадиумот на болеста представува тежок облик на болеста со потполно израмнета глава на бутната коска и секундарно изразени деформативни промени на периферијата на коксалниот зглоб и во неговата околина(периартикуларна осификација).Во чести случаеви е присутна и луксација на бутната коска .

Исхрана на кучиња со веќе дијагностицирана Dysplasia articulatio coxae-femoralis

Многу доктори по ветеринарна медицина за кучиња заболени од оваа болест препорачуваат специјално храниво за кучиња Mobility support (Royal Canin) или j/d (Hill`s) но како потпора на таквата исхрана може да се користат и слените препарати :
   Glucosamin tabs (Dr.Alder) – за превентива, како и кај кучиња со проблеми како што се артритис , остеохондроза, спондилоза, дисплазија и реуматизам на зглобовите. Тоа претставува додаток на исхраната за поддршка и правилно функционирање на зглобовите кај кучињата. За малите раси се препорачува 1-2 таблети дневно, средните раси 2-3 таблети дневно , големи раси 3-4 таблети, а екстремно големите раси 4-6 таблети дневно.
   Artusano чоколада (Dr.Alder) – претставува додаток во исхраната на кучиња на природна база. Се користи за кучиња како превентивна заштита на зглобовите и како поддршка на третманот кај заболувања како што се артритис, дисплазија и остеохондроза. Средните и големите раси на кучиња се третираат со една доза (коцка) дневно, додека штенчињата и малите раси на кучиња една доза (коцка) секој втор ден.
   Canvit chondro – при дисплазии и воспаленија на зглобовите се терапира со 3 таблети на 5 кг. телесна маса во континуитет 8-10 недели.
   Canvit chondro maxi – за големи раси на кучиња – кај дисплазии и воспаление на зглобовите се терапира со 1,5 таблета на секои 10 кг. телесна тежина  во континуитет од 8-10 недели.
   Canhydrox GAG (Canina) – комплекс на природни материи кои имаат важна улога во размената на материи на сврзното ткиво. Се употребува за превентива и помош кај дегенеративни и реуматски промени на зглобовите. Дозата изнесува 4 таблети на секои 10 кг. телесна тежина на ден.
   CaniAgil (Antivital) – прехранбен додаток со природни состојки кои се познати како помош за функцијата на ткивата, `рскавиците и зглобовите. Дозата изнесува 1.5 таблети на секои 10 кг. телесна тежина.
Со адекватна исхрана секој од наведените препарати е индициран кај наведените проблеми.

Хирушки зафат кај Dysplasia articulatio coxae-femoralis

Степенот на клиничките знаци  и артритичните промени на зглобовите на колкот одредува специфичен пристап на терапија на дисплазија на колкот. Општо земено во лечење на дисплазиите на колкот се пристапува конзервативно и хирушки.
Конзервативниот начин се состои од лекови против болки, хондропротектори, програма за одржување на телесната тежина, контролирана телесна активност и физикална терапија. Овие методи можат да бидат многу впечатливи во некои случаи , но конзервативниот начин на лекување има свои ограничувања.
Другиот начин на лекување на дисплазиите е хирушкиот зафат. Постојат два хирушки пристапи за лечење на дисплазија на колкот: профилактички зафати кои имаат за цел превенција на прогресија на артритиси и терапевтски зафати кои имаат за цел лечење или спасување на артритично променетиот зглоб.
Во хирушкото лечење постојат 4 главни зафати :
   Пектинеална миотомија – релативно мал зафат кај кој се “реже” мал мускул (m.pectineus) кој врши притисок на зглобот на колкот. Резултира со зачувување на функцијата на ногата и во готово 80-90% од случаи дава одлични резултати. Во случај кога и двата зглоба се зафатени со промени, истовремено се оперираат и двата зглоба. Кучето од оваа операција се опоравува за 1-2 дена, но со овој зафат не се стабилизира самиот зглоб на колкот нити пак се превенира прогресијата на артритичките промени. После неколку месеци па и до неколку години болката и “шепањето”(кривењето) по правило се враќаат.
   Ексцизијска артропластика – отстранување на топчестиот дел од зглобот на колкот. Овој зафат дава одлични резултати кај кучиња и се користи единствено во случај кога артритисот е во многу тежок степен, затоа доколку колкот е дислоциран или ако зафатот е протективен.
   Трострука остеотомија – зафат кај кој  коските на карлицата се режат на 3 места околу зглобот на колкот. Коската тогаш се ротира како би се добило подобро порамнување со главата на бутната коска. Поново се спојуваат така да функцијата на зглобот е зачувана и без лабавост и бол. Овој зафат се изведува само кај оние кучиња кои се без артритични промени во зглобот а обично кај млади кучиња. Прогнозата за кучињата со трострука остеотомија на карлицата е многу добра ако е направена пред појавување на артритисот. Кога артритисот е  толку напреднат така да се гледа на RTG снимката , овој тип на хирушки зафат има значајно намален процент на успешност за излекување.
   Вметнат колк – можно е да се изведе како и кај луѓето. Зглобот на колкот се заменува  со вметнат обично направен од пластика или не`рѓосувачки челик а се спојува со коските на карлицата и бутната коска. Комплетна замена на зглобот на колкот технички е многу захтеван зафат и обично се изведува од страна на високо специјализирани хирурзи. Доколку го изведува искусен хирург , успешноста од опоравување изнесува 90% . Ова е многу скап зафат, но дава долгорочно користење на зглобот без бол и “шепање” (кривење). Иако целта на вметнатиот колк е да биде перманентен, после извесно време новиот зглоб може да се “олабави”. Од таа причина овој зафат се прави само на оние кучиња со најтежок степен на дисплазии.
Со било кој начин на лечење, постоперативното опоравување зависи не само од направениот зафат туку и од пружената постоперативна нега. Многу важно е да кучето не е претерано активно . Подобро е да прави кратки и почести обиколки (прошетки) од колку ретки и долги. Исто така многу важно е и да кучето биде со нормална телесна тежина.
Сеуште не е разјаснета успешноста на конзервативниот начин на лечење на дисплазија на колкови кај кучиња. Значајно отежнато е да се предвиди кое животно ќе развие тежок дегенеративни артритис така да тешко е да конзервативното лечење се стави пред хирушкото.


Поздрав :)




Отсутен Nade

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Пораки: 3187
    • Погледај го Профилот
Одг: Дисплазија на колкови и лактови.
« Одговори #5 на: 18:28, 03.07.2010 »
Благодариме, секоја помош е добредојдена  :)
Labs are kids covered in fur

Отсутен dvm.Carlson

  • Newbie
  • *
  • Пораки: 23
    • Погледај го Профилот
Одг: Дисплазија на колкови и лактови.
« Одговори #6 на: 18:31, 03.07.2010 »
Благодариме, секоја помош е добредојдена  :)

Гледам и кај другиве болести сте пишувале нешто имам многу да ве поправам :) ама кога ќе имам време :)

Отсутен Nade

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Пораки: 3187
    • Погледај го Профилот
Одг: Дисплазија на колкови и лактови.
« Одговори #7 на: 18:33, 03.07.2010 »
Слобдно, пошто сеуште немаме ветеринар во тимот  ;D
Labs are kids covered in fur

Отсутен dvm.Carlson

  • Newbie
  • *
  • Пораки: 23
    • Погледај го Профилот
Одг: Дисплазија на колкови и лактови.
« Одговори #8 на: 18:40, 03.07.2010 »
Слобдно, пошто сеуште немаме ветеринар во тимот  ;D

Офф топик....Сега имате :)

Отсутен Hanibal

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Пораки: 1268
    • Погледај го Профилот
Одг: Дисплазија на колкови и лактови.
« Одговори #9 на: 21:03, 03.07.2010 »
Детално нема тука што.
Спие !!!

Отсутен Stekso

  • Hero Member
  • *****
  • Пораки: 973
    • Погледај го Профилот
Одг: Дисплазија на колкови и лактови.
« Одговори #10 на: 03:55, 04.07.2010 »
Sekoja cest !!! Cest i zadovolstvo e da imame veterinar na nasiot forum kade bi mozele nie i sekako nasite clenovi da se informiraat iprasuvaat za temi od site oblasti povrzani so veterinata, Iskreno Vi Blagodarime mnogu !
WwW.KuPiMiLeNiK.Mk   - Sajt i Forum Za Domasni Milenicinja

Отсутен Nena

  • Hero Member
  • *****
  • Пораки: 576
  • Others envy, owners pride
    • Погледај го Профилот
    • Play Full Team labradors
Одг: Дисплазија на колкови и лактови.
« Одговори #11 на: 19:30, 21.10.2010 »

(Избришете го претходниот пост, имав дупла слика)







Отсутен koko

  • Full Member
  • ***
  • Пораки: 129
    • Погледај го Профилот
Одг: Дисплазија на колкови и лактови.
« Одговори #12 на: 13:32, 29.10.2010 »
   Glucosamin tabs (Dr.Alder) – за превентива, како и кај кучиња со проблеми како што се артритис , остеохондроза, спондилоза, дисплазија и реуматизам на зглобовите. Тоа претставува додаток на исхраната за поддршка и правилно функционирање на зглобовите кај кучињата. За малите раси се препорачува 1-2 таблети дневно, средните раси 2-3 таблети дневно , големи раси 3-4 таблети, а екстремно големите раси 4-6 таблети дневно.
   Artusano чоколада (Dr.Alder) – претставува додаток во исхраната на кучиња на природна база. Се користи за кучиња како превентивна заштита на зглобовите и како поддршка на третманот кај заболувања како што се артритис, дисплазија и остеохондроза. Средните и големите раси на кучиња се третираат со една доза (коцка) дневно, додека штенчињата и малите раси на кучиња една доза (коцка) секој втор ден.


Ovie preparati gi uzezovme so paletata na Dr. Alder i za mnogu kratko vreme se potrosija.

Vo naredniot uvoz povtorno ke gi ima.

Отсутен Ivan.Dorisolev

  • Newbie
  • *
  • Пораки: 1
    • Погледај го Профилот
Одг: Дисплазија на колкови и лактови.
« Одговори #13 на: 20:59, 29.10.2010 »
Zdravo na site, se logirav na ovoj forum bidejci morav da se vklucam vo ovaa tema.
Moram da naglasam deka gorespomenatite cokoladi i tableti se samo PREVENTIVA i licno smetam deka mestoto na ovoj reklamen post ne e ovde,ovaa tema e za teska i seruiozna bolest, za narusuvanje na normalniot zivot na kuceto. Milo mi e sto ovie dodatoci mozat da se najdat na pazarot vo Makedonija, no ne zaboravajte deka ovaa bolest e nasledna i tuka nema spas, zatoa snimajte si gi kucinjata i vnimavajte od kade kupuvate! (Od iskustvo,kako sopstvenik na displazicen germanski ovcar koj brzopleto i neinformirano kupi kuce)
Glikozaminot e dobar za zglobivite i rskavicite na kucinjata, i im ovozmozuva podobra funkcija i "lizganje" bez da se trosat vo golema mera, i ovie tableti sigurno se dobra preventiva, no samo preventiva! Ne lecat!
Izvinete,no veke ednaipol godina se macam da go odrzam kuceto vo zzivot so Ventori, a ovde se pisuva za cokolado.. koe nema da vi pomogne dokolku kuceto vi e od roditeliote nasledno predodredeno da ima displazija, ova moze da e samo preventiva za steknata displazija koja se javuva vo mal stepen, na primer,ako mnogu go dvizite kuceto,pa ova da gi ublazi eventualnonastanatite mozni problemi.. no na genite ne moze niedna tableta ni cokolado da deluva.
Morav da go napisam ova za nekoj da ne go svati pogresno gorenavedeniot post i da pomisli deka so preparati moze da go "sredi" kuceto dokolku e displazicno.

Pozdrav do site clenovi i ljubiteli na kucinja, Ivan Dorisolev od Skopje.

Отсутен Hanibal

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Пораки: 1268
    • Погледај го Профилот
Одг: Дисплазија на колкови и лактови.
« Одговори #14 на: 22:27, 29.10.2010 »
Па постот на Коста е доста јасен, човекон ја запознава јавноста со тој производ и сметам дека е доста добро да се има во предвид како превентива, особено кај раси кај кои дисплазијата е честа појава. Имај на ум дека дисплазијата може да биде ВРОДЕНА и СТЕКНАТА. Ти зборуваш за вродена, тоа е веќе прашање на ветерината, а овие производи се како превентива за стекната, а и да ја ублажат вродената, доколку ја има. Супер е што се вклучуваш во темава и треба да има дискусии на оваа тема, а за рекламниот пост ( ако може да се нарече така), итекако треба да го има.
Спие !!!

 

Photobucket