
Убаво би било домашните миленици да ги носиме на работното место.Повеќето луѓе го остават кучето дома за целиот 8 часовен работен ден.Првите неколку пати,пред да го оставите кучето само дома,подобро е за вас и вашето куче да изврши многу пати излегување и враќање во домот.Кучето никогаш не треба да крева голема врева за тоа дека го оставате само.Почекајте,додека тоа се смири,пред да излезете.Откако ќе се уверите дека е смирено без да му зборувате,допирате или гледате во очите,може да излезете.
За многу луѓе тоа е неверојатно тешка задача,бидејќи кога ќе кажат "збогум",кучињата ги разбираат што прават.Затоа може да кажете "збогум" претходно,пред кучето да се возбуди.Така ќе изразите љубов кон него без да предизвикате несакано однесување.
Ако вашето куче е добро обучено и обуздано неговите стравови и загриженост кога излегувате,инстинктивно ќе сфати дека сега е време да биде мирно и да одмара.Никогаш не му дозволувајте да вие и квичи кога излегувате.Може да се почека уште неколку минути пред кучето за да се смири доволно за да излезете.Бидете стрпливи и уверете се дека се е како што треба.
Кога ќе се вратите дома,одморете малку без да му се нафрлате веднаш,потоа однесете го на кратка прошетка,за околу половина час.После нахранете го и откако се смири,дајте му ја целата љубов,која тие 8 часа ја таите во себе.
И конечно - кучињата имаат потреба,пред се од водач на глутницата,а потоа - од љубов.
Oва е накратко има уште многу што да се пишува на темата

Што правите вие и како се справувате со проблемот оставање само?
