FCI Standard N° 41 / 03.10.1980/ GB
YUGOSLAVIAN SHEPHERD DOG - SHARPLANINA
(Jugoslovenski Ovcarski Pas-Sarplaninac)
Потекло : Србија/Македонија.
Дата на издавањето на оригиналниот валиден стандард : 24.11.1970.
Краток историски преглед: Шарпланинецот е одгледуван од памтивек на југо-источните планински подрачја на Југославија. Името го добила оваа раса по Шарпланинскиот предел каде е и најчесто среќавана. Шарпланинецот денес се одгледува низ целата земја. Расата е регистрирана во F.C.I во 1939 до n ° 41 под името "Illirski ovčar" (Yllyrian ovcar). Во 1957 Генералното Собрание на F.C.I го прифатила предлогот на Југословенската Кинолошка Федерација да се промени името на расата во “Yugoslavian Shepherd Dog Sharplanina”. Потеклото на расата останува контраверзно. Се чини дека е веројатно дека дојде до Европа од Азија во текот на праисториските масовни миграции. Оригиналниот вид на раса се одржува исклучиво во такви делови на земјата, каде што интензивно сточарството се уште преовладува и каде што тој пес сеуште може да ја одигра својата улога на оригинални чувар и заштитник на стадата говеда против предаторски животни.
Општ изглед и карактер: Шарпланинецот е снажен, со добри пропорции, со големина која е далеку над просекот и со дебело, долго, прилично грубо крзно . Со цврста конституција, добар темперамент, сигурен, заштитник, непоткуплив и верен на својот господар.
Висина и тежина:Висина до гребенот:
Мажјак: 62 cm
Женка: 58 cm
Мажи под 56 см и женки под 54 см не треба да се пуштаат во приплод.
Тежина:
Мажјак: 35-45 kg
Женка: 30-40 kg.
Должина на телото: Должината на телото е малку подолго од висината до гребенот; односот е околу 8: 10 за мажјак, 10: 12 за женка.
Глава:Главата е пропорционална со телото. Нејзината тотална должина е околу 25 cm, што кореспондира со 40% од висината до гребенот. Черепот е нешто подолг од муцката (односот е 57: 43%). Черепот има благо испакната горна линија. Носната коска е права. Линиите на двата профила се конвергентни.
Череп (горен дел на главата) : Широк со добро означена бразда. Гледан во профил, како и одозгора, черепот треба да изгледа благо испакнат и малку заоблен. Веѓите се само малку означени. Тилот е незабележлив, невидлив.
Стоп: Благ.
Муцка: Пократка е од черепот, широка и длабока во основата, леко се стеснува кон носот. Носната коска е широка и права.
Нос: Широк и црн.
Усни: Умерено дебели и стегнати; горната усна само малку надвиснува врз долната усна.
Заби: Маказаст загриз, сите заби на број.
Очи: Бадемасти, ниту големи, ниту длабоко поставени, темно или светло кафеава боја, со тивок, но продорен поглед кој никогаш не покажува страв. Капаците и видливото сврзно ткиво треба да се црни.
Уши: Поставени се на линија која иде од врвот на носот до внатрешниот агол на окото или нешто подолу. Тие се во облик на буквата ,,V’’ и паѓаат, блиску до образот, покриени се со густо, кратко влакно.
Врат: Гривата е благо испакната или права. Линијата на грлото е права. Вратот е средна должина, но поради големината и дебелината на крзното изгледа помал од неговата вистинска големина. Широк, длабок и мускулест, се спојува рамно во главата и рамениците. Да се носи во одреден степен над грбната линија. Кожата е дебела и без висечка кожа. Влакното е густо, долго и грубо, со означен набор на спојот на вратот и главата.
Тело:Општ изглед: Грбната линија е хоризонтална или леко наклонета кон сапите. Кучињата одгледани во планините може да имаат сапи кои се поставени повисоко од гребенот, но ова не е пожелна карактеристика. Вкупната должина малку ја надминува висината до гребенот.
Гребен: Средно развиен и широк. Припојот со вратот е моќен, а преминот тешко забележлив.
Грб: Прав и широк, не премногу долг. Кај слабината е пократок, широк и мускулест.
Задник: Средна должина, наведнат и мускулест.
Гради:
Длабоки, достигнуваат до лактите, средна должина, со благо заоблени ребра. Предградите се широки и мускулести. Обемот на градниот кош треба да ја надминува висината до гребенот за најмалку 20%.
Стомах:
Вовлечен и мускулест. Долниот профил нежно се подига од предниот кон задниот дел. Слабините се прилично кратки со нагласена вдлабнатина.
Опашка: Опашката е долга и достига барем до скочниот зглоб. Горната линија на задникот е наклонена постепено и рамномерно во опашката. силна во основата, се зашилува кон врвот, со перја по долната страна. Се носи во блага крива како сабја. Кога кучето е возбудено, кривата е нагласена и опашката може да биде подигната над линијата на грбот.
Екстремитети:Предни:
Општ изглед: предните нозе се прави и добро пропорционални со телото. Лактите се околу 55% од вкупната висина до гребенот. Различните делови на нозите се добро пропорционални едни со други и со телото. Рамењата се прилично долги и широки, рамни, наведнати и формираат агол од 65° со хоризонталната линија. Надлактицата ( хумерусот или рамената коска) е во одреден степен покосо поставена од лопатката, аголот со хоризонтална линија е од 55 °. Се присоединува со предните нозе во агол од 145°. Зглобот на лактот е широк, ниту надвор, а ниту навнатре и е поставен на само мало растојание од градниот кош. Подлактицата е рамна, долга, со добро развиени мускули и перја долж задната страна. Дошапјата се широки и јаки, малку коси. Нозете се цврсти, овални со добро заоблени и затворени прсти. Ноктите силни и црни. Стапалата се тешки, но еластични, црна боја.
Задни:
Гледани од назад, нозете треба да се поставени еднакво, маку пошироки од предните екстремитети. Гледани од страна, треба да се мошне добро аглувани. Бутот е мускулест, заоблен, косо поставен, аглот со хоризонталната линија треба да биде ист со тој на рамењата. Коленото е нешто помалку аглувано од зглобот меѓу лопатката и хумерусот (околу 125°). Коленото е силно и широко.
Потколеницата е косо поставена, силна, со долги мускули и многу густи перја.
Движење: Чекорот е долг и еластичен. Највообичаеното движење е касот со високо и умерено испружување. Во галоп кучето се чини дека е малку тромаво но скоковите се долги и покриваат многу на теренот.
Кожа: Кожата е умерено дебела, еластична и затегната на целото тело. Без висечка кожа. Сите видливи слузокожи се црни или длабоко пигментирани.
Крзно: Главата, ушите и предната страна на нозете, се покриени со кратко влакно. Околу вратот, на бутот, на задната страна на нозете и на опашката влакното е долго, скоро рамно и малку грубо. Под надворешниот слој, изобилното подвлакно е кратко, густо и со фина текстура. На гребенот влакното треба да биде помеѓу 10 и 12 см; тоа не треба да биде пократко од 7 см.
Боја: Шарпланинецот е солидно обоено куче. Сите бои се прифатливи, од бела до темно кафена што изгледаат речиси црни. Посакуваната нијанса е зеленкасто сива (железо сива боја) и темно сива боја. Бели ознаки не се дозволени. Пигментираните кучиња можат да покажат ситни бели ознаки на градите и прстите, но тие се непожелни. Горниот дел на главата, вратот и телото е во потемна нијанса која се губи во валкана бела или жолтеникаво сива кон екстремитетите.
Промената мора да биде постепена.
Грешки: Секое отстапување од горенаведеното се смета за грешка и се зема во обзир во зависност од интензитетот на отстапувањето.
Мали грешки:• Недоволно широк череп
• Предолга муцка
• Недоволна ширина и длабочина на градите
• Рамни или претерано заоблени ребра
• Секое мало отстапување на усните од правилната позиција
• Влакното нешто пократко од посакуваното, се додека перјата се во ред
• Бели ознаки на градите и стапалата
• Пократка опашка
• Зајачки нозе и други незначителни физички отстапки
Сериозни грешки:• Предолга муцка или заострена
• Уши поставени премногу високо или не висат доволно близу до образите
• Клештовиден загриз
• Седлест грб
• Опашка странично свиткана
• Лимфатична конституција и други физички отстапки (дефекти)
Елиминациони грешки:• Агресивност или претерана плашливост
• Недостик на предкатник
• Воочлива нескладност помеѓу должината на телото и висината до гребенот
• Недоволна висина до гребенот
• Влакно пократко од 7cm
• Депигментирана видлива слузокожа и очи
**Мажјаците мора да имаат два очигледно развиени тестиси спуштени во скротумот...
Секое куче што покажува психички или абнормалности во однесувањето ќе се дискфалификувано.
Не е исклучена можноста при превод на стандардот да е направена грешка.
Превземено од:
http://www.fci.be