III.1.2. КРАТКОВЛАКНЕСТ ФОКСТЕРИЕР
Стандард бр. 12 – Велика Британија
Општ изглед : Темпераментен пес.Активен и полн со живот. Нема ниту превисоки ниту прениски нозе. Тој е добро граден пес кој зазема поголема површина кога стои, иако има краток грб.
Глава и череп : Потребно е черепот да биде рамен и умерено широк и постепено да се смалува кон очите. Стопот е благо изразен. Образите никогаш не се полни. Вилиците му се снажни и мусколозни. Носната габа е црна. Очите се темни, мали и доста длабоко всадени. Ушите му се мали во облик на буквата V . Вратот е затегнат,мусколозен без фанони, доволно долг и постепено се проширува кон градите.
Предни нозе : Има долга и коса лопатка, доволно наклонета наназад. Рамениот зглоб е воочлив, а гребенот е изразен и добро поврзан. Коските на предните нозе се цврсти. Градите се длабоки и не многу широки. Грбот е краток, прав, цврст никогаш не е мек или свиткан.
Задни нозе : Тие се снажни и мусколозни.Бутините се долги. Скочните зглобови се доволно спуштени. Шепите се мали, тркалезни и компактни. Прстите се благо засводени, а шепите не се свртени ниту надворешно ниту внатрешно. Опашката е високо и весело носена, но не е свиткана на грбот. Има добра градба.
Ставови : Сите екстремитети се прави и паралелни.Лактите слободно се движат паралелно со оската на телото и не се стисната. Задните нозе се добро изразени.
Боја : доминира белата боја. Може да биде потполно бела , бела со светложолти дамки, црна или црно-пепелава, не се толерираат црвена и костенлива боја и шарени дамки.
Тежина и височина : За мажјаците оптималната тежина изнесува 7,3-8,2 кг, а кај женките 6,8-7,7 кг.
Недостатоци : бела муцка или муцка со боја на цреша, прави уши во облик на лале или на трендафил, неправилно забало,подгриз и предгриз.Се што не е во согласт наведено во стандардот се смета како дискфалициона маана. Задолжително полагање работен испит.
Н.Б : Мажјаците треба да имаат два нормално развиени тестиси наполно спуштени во скротумот.