Почитувани читатели на темава ,
Како што ветивме така и го исполнуваме ветеното а тоа се однесуваше на прашањето во врска со дебатата на неколку страници подоле по ондос на бактеријата Streptococcus agalactiae .
За да нема недоразбирање, нарушување на некој углед - одгледувач или одгледувачница,шпекулации и обвинувања кон некој сопственик и некое куче при што истото би донесло неправда и штета- нарушен углед, по однос на темава ги консултиравме стручните лица од ВЕТЕРИНАР ЦЕНТАР - ДР.ДИМЕ ВЕЛКОВСКИ.
Прашањето е - Др.Велковски , ве молиме за читатепите и посетителите на Кинологија Форумот да ни објасните стручно по однос на бактеријата Streptococcus agalactiae , од причина што во нашата тема на форумот имаме општи карактеристики за оваа бактерија ве молиме само во неколку реченици да ни го опишете начинот на пренесување.
ВЕТЕРИНАРЕН ЦЕНТАР - Др.Диме Велковски - Ви благодарам , ми преставува огромна чест и задоволство мие што ме консултирате за било која тема на вашиот форум кој го следам доста често и за истиот имате огромни честитки од мене и од целата екипа од Ветеринарен Центар.
На жалост нашето време и обврски и темпо на работа се такви што неможеме секојдневно да учествуваме во истите дебати на него но се надевам дека преку вакви интервјуа и консултации ке бидеме и ние дел од Кинологија Форумот и отворени сме за секаков вид на прашања , консултации и дебати.
Што се однесува до вашето прашање во врска со бактеријата Streptococcus agalactiae , доста опасна бактерија која може да предизвика огромни проблеми при здравјето на кучињата, поготово кучките во период кога се трудници,истата може да проследи и фателен крај за бебињата .
По однос на вашето прашање околу преносливоста на бактеријата - истата може да се пренесе само доколку постоеле блиски контакти со заразенето куче, се мисли на парење , лижење и слично но не и при мал контакт , се мисли на душкање и сл. Оваа бактерија за да се активира и пренесе треба да има влез -контакт но не и од блиска средба како што дебатирате погоре. Во теков на денот или најдоцна утре ќе ви обезбедам целосни теми по однос на ова прашање и се надевам дека со тоа ќе помогнам да се разрешат сите дилеми и несогласувања. За сите прашања и консултавии можете слободно да го контактирате Ветеринарен Центар.
Почитувани , ова беше изјавата од Др.Диме Велковски - Ветеринарен Центар, се надевам во текот на денот ќе добиеме конкретна изјава и од другите ветеринари кој ги консултиравме.