/Themes/kupimilenik/images/theme/baner.png

Автор Тема: Совети за исхрана на Вашето куче  (Прочитано 729 пати)

Отсутен Nade

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Пораки: 3216
    • Погледај го Профилот
Правилниот начин на исхрана на вашиот миленик е од мошне големо значење. Таа игра важна улога во здравјето и понатамошниот развој на кучето. Поради тоа е потребно да знаете како правилно да го храните миленикот.

Првите 8 недели
Младите кутриња не смеат да бидат одделени он нивната мајка додека не наполнат 8 недели. Оние кои ќе бидат порано одделени имаат поголеми шанси полесно да заболат од некоја болест. Како причина се смета дека е или ослабениот имунитет или пак прераното одделување. Млекото на мајката е доволно хранливо, и ги содржи потребните антитела, кои му се потребни на младиот организам да израсне во здраво куче. На возраст од 6 до 8 недели, кутрињата треба да започнат да се хранат со сува храна(дехидрат). Храната можете да ја мешате со вода или со јогурт, со цел да се замени мајчиното млеко. Ова  ќе му помогне на кутрето полесно да ја дигестира храната. Ако кутрето започне да јаде цврста храна пред да биде целосно одвоено од мајката, идните сопственици ќе имаат помал проблем при навикнување на исхраната.

Период од 2 до 3 месеца
Хранете го вашето куче 3-4 пати дневно. Изберете храна за кутриња која најдобро ќе му ги обезбеди потребните хранливи материи и која притоа добро ќе биде балансирана. Потрудете се да му ја обезбедите доволната количина на протеини, калциум и калории.

Период од 3 до 6 месеца
Вашето куче можете да го храните 2-3 дневно. Ова е период на промена на забите, па немојте да се изненадите ако тоа одбие да јаде.


Период од 6 месеци до 1 година
Иако вам можеби ќе ви изгледа дека вашиот миленик не е толку мал повеќе, сепак тој е сеуште кутре. Продолжете да го храните со богата и добро балансирана храна за кутриња. Некаде во периодот од 8 или 9 месец, хранењето можете да го намалите на 2 дневно. Кај некои поголеми раси, исхраната со овој вид на храна продолжува дури до втората година.

Период од 1 година па понатаму
Ова е период кога треба да ја промените храната од храна за кутриња во храна за возрасни. Ова е период кога не им е потребно екстра калории и хранливи состојки. За да избегнете проблеми со системот за дигестија, промената на храната вршете ја постепено, така што храната за млади ќе ја намалувате, а храната за возрасни ќе ја зголемувате во период од 7-10 дена.

Labs are kids covered in fur

Отсутен Nena

  • Hero Member
  • *****
  • Пораки: 578
  • Others envy, owners pride
    • Погледај го Профилот
    • Play Full Team labradors
Одг: Совети за исхрана на Вашето куче
« Одговори #1 на: 01:27, 28.07.2010 »
Касно ја гледам оваа тема, би додала дека кученцата кои пред навршени 8 недели се одвојуваат од мајката не се склони на повеке болести поради недостигот на антитела.
Антителата во мајчиното млеко се незаменливи и само тие можат да му дадат имунитет на кутрето, но тие антитела се внесуваат само во првите неколу часа, која се најинтензивни. затоа по доагањето на свет, малите мора веднаш да се наместат на цицање. По првиот ден, мајчиното млеко и понатаму е јако и силно, но со текот на неделите, неговиот квалитет опага.
Малите мора да се одбијат од мајката кога ке навршат 5 или најмногу 6 недели, а не 8. По 5-тата недела, мајчиното млеко е многу слабо, и нема никаква улога во формирањето на здравјето на кутрето, а и не е доволно за да им пруќи се што им треба на бебињата, кои мора да се дохрануваат со навршени 3 недели.
забите на кутрињата по 5 или 6 недели се доволно големи за да ја пробијат дојката, и моше да дојде до големи поблеми, на пример гангрена..
Она заради кое е најдобро малите да останат со мајката и леглото до 8 недели е социјализацијата.

Отсутен dimovski

  • Newbie
  • *
  • Пораки: 14
    • Погледај го Профилот
Одг: Совети за исхрана на Вашето куче
« Одговори #2 на: 23:05, 17.04.2011 »
mislam deka ja pogodiv temata  :)
kade moze da go najdam ova i kolku kosta, ili nekoja zamena za nego :

http://www.newbornanimalcare.com/fiche-produit.php?id_article=11
blagodaram!

 

Photobucket